Тејлор Свифт имаше инцидент со фустанот среде концерт (ВИДЕО)

Тејлор Свифт одржа концерт во Стокхолм како дел од нејзината турнеја The Eras.

За време на тричасовниот концерт таа неколку пати се пресоблекла, но во еден момент не одело сѐ според планот.

„Само зборувајте“, им рече таа на насобраните додека го откопчуваше фустанот, под кој носеше блескав златен градник наменет за подоцна на настапот.

Таа потоа седна на клавирот и се обиде да го намести фустанот, но на крајот некој од тимот мораше да излезе на сцената и да ѝ помогне да го намести, а Тејлор се сврте кон фановите и се насмеа.

@eroluc And then she sang How Did It End #stockholmn3 #taylorswift #erastour ♬ original sound - ella37980

„Мислев дека го соблекува фустанот“, напиша обожавател кој го овековечил незгодниот момент.

„Потребен ни е документарен филм за оваа турнеја штом ќе заврши“, коментираше еден фан.

Прво реми на ЕУРО2024, Данска и Словенија одиграа 1-1

Данска и Словенија го одиграа вечерва првиот натпревар на ЕВРО2024 кој заврши без победник, ремизирајќи 1-1 во воведниот натпревар во групата Ц.

Данска, на дуелот во Штутгарт кој од трибините го следеа 60.449 гледачи, поведе во 17 минута со голот на Ериксен.

Словенија избегна стартен пораз во групната фаза со голот на Јанжа во 77 минута.

Првото коло во групата Ц ќе биде комплетирано вечерва со дуелот меѓу Англија и Србија.

Принцезата Кејт за прв пат во јавноста по објавата дека боледува од рак

Британската принцеза Кејт Мидлтон е видена во јавноста за прв пат по шест месеци, откако во март објави дека боледува од рак.

Принцезата е фотографирана во автомобил како пристигнува во Бакингемската палата за да го прослави роденденот на кралот Чарлс, пишува Mirror.

Таа на прославата пристигнача заедно со синот Џорџ и нејзиниот сопруг принцот Вилијам, пренесува Танјуг.

Во Велика Британија се славеше официјалниот роденден на кралот Чарлс, а на парадата „Trooping the Color“ што по тој повод ќе се одржи во Лондон ќе учествуваат повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи.

Кралското семејство беше собрано на балконот на Бакингемската палата над кој ќе прелетаат повеќе од 30 воени авиони, пишува Мирор.

Адидас истражува голем корупциски скандал во Кина

 Германскиот производител на спортска опрема Адидас истражува огромен скандал со наводна корупција во Кина, проценет на неколку стотици милиони евра, а осомничените се локални вработени во групацијата, објави денеска британскиот весник Фајненшл

Во писмо, наводно напишано од „вработени во Адидас во Кина“, се именувани неколку кинески вработени, вклучително и извршен директор, во одделот за маркетинг буџет на компанијата.

Во документот, кој кружеше на кинеската социјална мрежа во текот на јуни, се наведува дека корупцискиот скандал „тежи“ 250 милиони евра.

Британскиот весник наведува дека документот го обвинува персоналот на Адидас за примање поткуп од даватели на услуги овластени од германската групација.

Менаџер на „Адидас“ во Кина е обвинет дека примил „милиони готовина од добавувачите, како и имот, вклучително и недвижен имот“.

Адидас, кој влезе на пазарот во Кина во 1997 година, во минатото се прошири на повеќе од 10.000 продавници. Сепак, последниве години, Адидас се соочи со подемот на локални брендови, вклучувајќи ги Анта и Ли Нинг.

притисни ентер