Таткото се откажа од босански репрезентативец, поради атрактивна Црногорка (ФОТО)

Голема прашина последните неколку дена се дигна во Босна и Херцеговина поради локалниот репрезентативец Анел Ахмедхоџиќ, кој на 25 години реши повеќе да не настапува за репрезентацијата.

Причина се нападите врз него и неговото потесно семејство. Поточно, многумина сметаат дека зборовите на неговиот татко Мирсад се клучни и дека за сѐ е виновна неговата сопруга Маријана.

Станува збор за Црногорка која му родила син и која минатото лето преминала во ислам, но според Мирсад, кого и Анел го осуди, таа не е добра за него.

-Тој веќе не е мој син, не го сметам повеќе за мој син. Му посакувам добро. Најдобро. Цела војна се борев, три пати бев ранет. Сакав син ми да игра за земјата која јас ја создадов со мојата крв, но го одвратија лоши луѓе кои мислат само на личен интерес - изјави Мирсад и додаде:

- Таа нејзина мајка... Не знам што му направија, но планираа да нѐ отстранат како родители. И тоа им успеа за Нова година. Дека нејзината мајка и таа отишле во Дубаи да се забавуваат, а го оставиле детето дома, а тој период имал натпревари и отсуствувал , наводно поради полесна повреда.

Тој се присети на почетоците на Анел во Англија.

- Со него тогаш заедно отидов во Англија, со приватен авион од Шефилд. Таа девојка тогаш немаше виза. Два месеци беше фокусиран без неа. Тогаш никој не му пречеше. Беше најдобар играч кога дојде. Само што дошла до него, тој почнал да пропаѓа.

Во меѓувреме, Анел за својот татко рекол:

- Да кажувам дека жена ми ми фрлила црна магија е многу навредливо за мене, а особено за мојата сопруга, бидејќи е одлична. Многу е тешко да се најде жена која ќе се грижи за тебе како таа и јас сум многу среќен што мојот син има толку неверојатна мајка. И после кажува дека не ме пушта на репрезентативни натпревари? Тоа е смешно и само го покажува нивото на интелигенција што го има овој лажго. Има многу сопруги на фудбалери кои не се грижат за кариерата на нивните сопрузи, но таа никогаш не пропушти натпревар, дури и кога беше во деветтиот месец од бременост, дојде на мојот натпревар само неколку дена пред да го роди мојот син. Таа е мојот најголем поддржувач и да кажам дека нема да ме пушти е глупаво, но што можеш да очекуваш од нарцис?“

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер