Таравари ќе утврдува евентуални пропусти на Детска клиника, под лупа и други директори

Таравари не размислува да го разреши директорот на Детска, вели дали ќе биде разрешен Мемеди ќе кажат статистиката и бројките.

Детската клиника и директорот Мемеди се парично казнети поради непочитување на Законот за здравствена заштита кој предвидува дека за прием на пациенти прегледани на Клиниката како итни случаи, доколку прием не е извршен установата е должна да издаде писмено образложение за причините за одбивањето за болничко лекување, што не било постапено во случајот со седуммесечниот Дамјан.

Министерот за здравство Арбен Таравари не гледа ништо спорно во тоа што на Детската клиника дежурале специјализанти во моментот кога седуммесечното бебе кое почина откако беше одбиено за хоспитализација, било прегледувано. Вели дека тоа било пракса уште во времето кога тој бил специјализант. Од друга страна, спротивно на извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во кој се вели дека во дежурната амбуланта немало дежурен специјалист, Таравари уверува дека на Клиниката во тоа време имало тројца специјалисти.

Седуммесечното бебе почина на Детската клиника, неколку дена откако првично било одбиено за хоспитализација. Директорот на болницата Мемеди тврдеше дека се работело за бебе со синдром кој довел до брзо откажување на органите. Таткото на бебето тврди дека се работело за здраво бебе, за кое на ниту еден рутински преглед, ниту еден доктор не предложил да се направат генетски испитувања.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер