Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково

Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково. 

Ќе го поврземе Куманово со Гњилане и Прешево, ќе инвестираме во агробизнис, грантови и во економски развој за да ја вратиме некогашната репутација на земјоделството и производството на регионот на Липково и Куманово. Ова беа дел од пораките кои претседателскиот кандидат Арбен Таравари ги испрати вечерва од општина Липково. Оваа општина ја донесе ДУИ на власт а како награда добива само штета, неправда и лошо владеење.

„Наместо да се привилегира и развива овој регион кој некогаш важеше за кризен регион, лошото владеење на ДУИ го втурна во повеќекратни кризи. Економска и земјоделска криза, невработеност и миграциска криза, но и безбедносна криза и монтирани случаи. Никој повеќе од жителите на овој крај не ги почувствувал последиците од лошото владеење на ДУИ“, нагласи Таравари во својот говор.

Но, според него, оваа состојба ќе заврши со гласот на самите граѓани, кој ВРЕДИ и ќе ја донесе долгоочекуваната промена.

„Ќе донесеме повеќе правда, прво за политичките монтирани случаи, каде што ќе се заложиме за правда и обештетување за оние Албанци кои неправедно се држат во затвор. Никогаш не го забораваме војникот на слободата и жител на овој крај, Реџаил Ќерими, кој неправедно беше држен во затвор 13 години и почина во ќелијата кога отворено се знаеше дека нема врска со она за што го обвинуваа, изјави Таравари.

Меѓу другото, Таравари од Липково повтори дека со доаѓањето на ВЛЕН на власт ќе се забрани коцкањето, а ќе се простат и долговите од фирмите за брзи кредити кои исто така рече дека ќе се затворат, соопштуваат од неговиот тим.

СКСЗМ на работна средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ

Владеење на правото, борба против сивата економија, борба против корпцијата се трите клучни точки кој Стопанската комора на северозападна Македонија очекува на идната влада да и бидат приоритет.

Претседателот на комората, Менди Ќира денеска оствари нова средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која тема на разговор беа економската програма на партијата содржана во платформата 1198 . Дел од проектите во платформата, како што истакнаа од комората се предлози од бизнис заедницата.

ПОРАКА НОВА - со НЛБ Рамка за помош

Идејата за проектот „Знак за инклузијата: Подигање на свеста за подобрување на комуникацијата со глувите лица” е од глуво лице кое ги сподели своите секојдневните препреки со помош на толкувач.

Интервју со Анита Гаговска од Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака нова“

НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.

Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.

Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.

Во продолжение, разговараме со Мартина Дурљанова, Викторија Волаг и Мартин Ангелов од Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака нова“

Ситуацијата во Македонија е алармантна кога станува збор за познавањето на знаковниот јазик. На околу 6000 регистрирани лица со оштетен слух, само 35 сертифицирани толкувачи на знаковен јазик ги задоволуваат нивните потреби. Овој поразителен недостаток се одразува на секојдневниот живот на глувите лица, кои се соочуваат со значителни пречки во пристапот до информации и услуги. Проектот „Знак за инклузијата: Подигање на свеста за подобрување на комуникацијата со глувите лица" има за цел да ја подигне свеста за комуникацијата со глувите лица и значењето на знаковниот јазик, преку обучување на лица за знаковен јазик.

Идејата за проектот е од глуво лице кое ги сподели своите секојдневните препреки со помош на толкувач.

Зошто е меѓу избраните?

Проектот е посветен кон подобрување на животите на глувите лица. Пристапот овозможува учење на знаковен јазик, создава инклузивна заедница која активно ги вклучува и поддржува глувите лица. Дополнително овозможува подигање на свеста за значењето на знаковниот јазик што придонесува кон културата на инклузија и разбирање и прифаќање.

Четворица американски полицајци убиени при апсење осуден криминалец во Шарлот

Четворица полицајци се убиени, а четворица се ранети во престрелка во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина.

Началникот на полицијата во шарлот рече дека тројцата убиени полицајци се членови на американската оперативна група за бегалци, која ја сочинуваат полицајци од различни агенции.

Полицајците биле застрелани додека се обиделе да приведат осуден криминалец кој бил забарикадиран во куќа. Престрелката траела три часа, а еден од осомничените бил пронајден мртов во дворот. Уште две лица се осомничени за нападот, кој се смета за еден од најсмртоносните врз американската полиција во последните децении..

притисни ентер