Таравари бара ургентна помош од државата за гаснење на пожарот во Русино

 Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари доцна синоќа преку Фејсбук побара помош од државните институции во гаснењето на пожарот во регионалната депонија Русино.

Тој упати апел за спречување на поголеми последици, откако пожарникарите и екипите на комуналното претпријатие и по 24 часа не успеа да се справат со огнот и чадот кој се рашири до градот.

Таравари во неговото обраќање состојбата ја оценува како драматична, а одговорноста ја префрла до владините институции и како што пишува, нивната индиферентност.

– За критичната состојба на депонијата ги известивме сите институции: Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Владата, но наидовме на глуви уши. Иако регионалните депонии повеќе од една година се под надлежност на Владата, немаме добиено никаква помош од нивна страна. Досега добивме само еден телефонски повик од Генералниот секретар на Владата без никаква конкретна акција, напиша Таравари на неговиот Фејсбук профил.

Гостиварскиот градоначалник наведува дека локалната власт, јавните претпријатија, приватни компании, пожарникарите од Гостивар и Тетово се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола.

Градежни машини и пожарникари се обидуваа до пред полноќ да локализираат огнот на простор од два хектари, но пламен се појавуваше на други локации на депонијата.

Заради тоа, Таравари бара ургентна помош од државата, а одговорноста за поголемите последици ја насочи кон централната власт.

– Дојдете во Гостивар сега, во спротивно состојбата може да биде подраматична, за која ќе имате уште поголема одговорност. Ако продолжи оваа состојба, ќе бидеме сигурни дека овој пожар не се случи поради занемарувањето на Владата, туку намерно оваа Влада сака Гостивар да гори и нашите деца да се трујат, стои во обраќањето на Таравари до централните власти.

Од јавното комунално претпријатие соопштија дека по пријавата, обидот за гаснење на огнот бил оневозможен заради градежни работи и асфалтирање на патот што води до депонијата.

Вчера попладне, гостиварската противпожарна единица со три возила и едно од припомош од Тетово се обидуваа да ја стават огнената стихија под контрола, но до доцна вечерата немаше информации каква е состојбата на терен.

Жителите од селата и населбите кои се наоѓаат во близина на депонијата Русино реагираат на непријатната миризба и алармираат на загаденост. Околу полноќ чадот и мирисот на изгорено интензивно се проширија и на пошироката територија на градот и предизвикаа вознемиреност кај граѓаните заради страв од енормно загадување на воздухот.

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница

 Кавадаречката полиција ноќеска околу 1 часот по полноќ го лишила од слобода Д.А. (36) од Кавадарци, кој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во времетраење од две години.

Како што информираат денеска од МВР, лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.

Баерн ќе се обиде да го привлече Бруно Фернандеш доколку Тухел остане

Баерн Минхен е заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, тврди „Билд“. 

На тренерот на баварците, Томас Тухел му се допаѓаат квалитетите на португалскиот репрезентативец и ќе инсистира да го привлече на „Алијанц арената“ доколку тој самиот ја задржи функцијата.

Се поверојатна изгледа опцијата Тухел да остане на кормилото на баварците. На крајот на февруари беше најавено дека стручњакот ќе замине на крајот на сезоната, но со оглед на големиот број имиња кои одбија да го заменат на клупата, и двете страни со задоволство би ја продолжиле соработката.

За да се согласи да остане во Баерн, Тухел сака да му биде продолжен договорот и да има збор во изборот. Бруно Фернандеш е меѓу новите засилувања кои ги посакува Германецот. На списокот на Тухел се наоѓаат и Тео Ернандез од Милан и Жоао Палиња од Фулам. Јосип Станишиќ по позајмица ќе се врати во Баер Леверкузен.

Според различни информации, во трансфер плановите на Баерн се и Френки де Јонг, Чави Симонс, Асан Ведраого, Крис Фирих, Андре Онана и Јонатан Та.

Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени

Повеќе жени го обвинија американскиот илузионист Дејвид Коперфилд за сексуална злоупотреба. Настаните се случувале во распон од неколку десетлетија, објави британски „Гардијан“.

Од 16 жени, некои биле и помлади од 18 години кога наводно се случило она што го тврдат. Коперфилд беше обвинет за недолично однесување и во 2018 година, кога жена по име Бритни Луис тврдеше дека тој ја дрогирал и сексуално ја нападнал три децении претходно. Натаму, три жени тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред секс. Настаните, според можните жртви, го опфаќаат периодот од доцните 1980-ти до 2014 година.

Коперфилд (67) одрекува каква било злоупотреба и „никогаш не постапувал несоодветно кон никого, а не пак, кон малолетник“, нагласуваат неговите адвокати.

Коперфилд претходно беше „под лупа“ и поради неговите врски со обвинетиот сексуален подведувач Џефри Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

„Нашиот клиент не беше свесен за грозоморните злосторства на Епстин... Како и остатокот од светот, и тој дозна за тоа од печатот“, тврдат адвокатите на Коперфилд.

Друга жена, која доби псевдоним во печатот, сведочи дека го запознала илузионистот по еден негов настап, кога имала 15 години. Таа раскажува дека следниве години, тој ѝ се јавувал доцна во ноќта и ѝ испраќал подароци, а кога наполнила 18 години, вели, двајцата имале консензуални односи.

притисни ентер