Талибанците осудиле на смрт брат на Авганистанец, кој преведувал за САД

Талибанците осудиле на смрт брат на авганистански преведувач, обвинувајќи го дека им помагал на Соединетите држави и му дал заштита на неговиот брат, кој бил преведувач на американските војници.

„Обвинети сте дека им помагате на Американците“, напишале Талибанците во првото од трите писма до Авганистанецот, додавајќи: „Обвинети сте и за обезбедување скривалиште на вашиот брат кој бил преведувач“.

Во првото ракописно писмо од Талибанците, тие наредиле Авганистанецот да се појави на сослушување. Во друго писмо, тој бил информиран дека не дошол на сослушувањето.

Писмата се само еден пример како талибанците директно им се закануваат на Авганистанците кои соработувале со Соединетите држави или на членовите на семејствата на оние што го сториле тоа, пишува Си -Ен -Ен.

Во третото писмо, Талибанците го известиле човекот дека, бидејќи ги отфрлил претходните предупредувања и ја игнорирал поканата, бил прогласен за „виновен во отсуство“ и дека ќе биде осуден на смрт.

"Овие судски одлуки се конечни и нема да имате право на приговор. Вие сами го избравте овој пат", пишува во третото писмо.

Писмата се контрадикторни со уверувањата на талибанскиот портпарол Забиула Муџахид, кој минатата недела на прес -конференција рече дека никој нема да биде повреден.

"Никој нема да биде повреден во Авганистан. Постои огромна разлика помеѓу нас сега и нас пред 20 години", рече тогаш Муџахид.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер