Талибанци: Нападите на ИД треба да престанат кога ќе си заминат Американците

Нападите на Исламската држава во Авганистан треба да престанат откако американските војници ќе ја напуштат земјата, во спротивно новата влада ќе ја заузда групата, изјави портпаролот на талибанците.

Исламската држава од Хорасан, која со години извршува смртоносни напади во Авганистан и Пакистан, ја презеде одговорноста за нападот во четвртокот во близина на аеродромот во Кабул, каде илјадници луѓе се собраа да ја напуштат земјата откако талибанците ја преземаа власта на 15 август.

Во нападот загинаа околу сто луѓе, вклучувајќи 13 американски војници, само неколку дена пред крајниот рок за повлекување на американските сили на 31 август, по 20 години војна во земјата.

Групата, исто така, ја презеде одговорноста за денешниот ракетен напад на аеродромот во Кабул.

„Се надеваме дека Авганистанците под влијание на Исламската држава ќе се откажат од своите дејствија кога ќе се формира исламска влада без странски сили“, рече викендов главниот портпарол на талибанците, Забихула Муџахид, во интервју за АФП.

„Ако предизвикаат воена состојба и продолжат со своите дејствија, исламската влада ќе се грижи за нив“, предупредил тој.

САД извршиле неколку напади врз позиции на Исламската држава во текот на викендот. Вчера тие уништиле едно од нивните возила со експлозив што му се заканувал на аеродромот.

Но, талибанците се лути. "Тие немаа дозвола за такви операции. Нашата независност мора да се почитува", рекол портпаролот.

Талибанците ветија дека ќе формираат „инклузивна“ влада, но само кога странските сили ќе ја напуштат земјата.

"Важно е да се формира влада, но тоа бара многу трпение. Во моментов одржуваме консултации за формирање влада на одговорен начин", рече тој.

Во меѓувреме, земјата живее тешко. Банките, државните служби и другите јавни институции се во голема мерка затворени.

Талибанците ветиле дека ќе ја подобрат економската состојба во земјата, но без меѓународна помош и пари што ги поседува авганистанската централна банка во странство. Иднината на земјата, една од најсиромашните во светот, е многу комплицирана.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер