Талат Џафери во посета на Казахстан

 Претседателот на Собранието наМакедонија, Талат Џафери, придружуван од пратеникот Енес Ибрахим, денеска и утре престојува во официјална посета на Казахстан.

На покана од Нурлан Нигматулин, претседател на Мажилисот (Долниот дом) на казахстанскиот Парламент.

На средбата со домаќинот Нигматулин, како што соопшти Кабинетот на Џафери, присуствувале и претседателот на Комисијата за меѓународни односи, одбрана и безбедност на Мажилисот Мухрар Ерман, претседателот на Групата за меѓупарламентарна соработка „Казахстан –Македонија" Дархан Минбај, претставници на трите политички партии застапени во Межилисот: Бахиджан Јертаев од Народната демократска партија „Нур Отан", Азат Перуашев од Демократската партија на Казахстан „Ак Жол" и Ајкан Конуров од Народни комунисти, како и заменик министерот за надворешни работи Роман Василенко.

Нигматулин изразил задоволство од реализирањето на првата официјална посета на еден претседател на Собранието на Република Македонија на Казахстан и оценил дека меѓу двете земји е воспоставена добра билатерална соработка, со бројни можности за натамошно проширување и продлабочување.

Нагласувајќи дека Македонија е значаен партнер на Казахстан, Нигматулин се заложил за унапредување на економските односи преку нови форми на соработка, со цел зголемување на меѓусебната трговска размена. Тој ги повикал претприемачите и инвеститорите одМакедонија да се вклучат на пазарот на Казахстан, со оглед на погодностите што тој ги нуди, пред сè во високата технологија и преработувачката индустрија за земјоделски производи. Истовремено, тој дал поддршка на реформските процеси во Република Македонија.

Нигматулин информирал за активностите на тековниот, шести по ред парламентарен состав на Мажилисот, при што истакнал дека Парламентот на Казахстан ги засилува своите меѓународни позиции, за што е доказ и Четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство", што се одржа на 23 и 24 септември во Нур-Султан.

Џафери упатил честитки за успешната организација на Четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија, истакнувајќи дека тој посветува големо внимание на парламентарната дипломатија, како средство за продлабочување на парламентарниот дијалог и интензивирање на контактите меѓу парламентарците од различни земји. Тој нагласил дека ставовите на Македонија и Казахстан во врска со клучните прашања на меѓународната агенда се многу блиски, а нашата земја ги поддржува иницијативите на Казахстан во меѓународните организации, особено во рамките на ОН и ОБСЕ.

Трите билатерални договори во областа на оданочувањето, заштитата од фискална евазија и поттикнувањето на инвестициите, според Џафери се основа за економската соработка меѓу двете земји, која би требало и понатаму да се продлабочува, а технолошко – индустриските зони во Македонија би можеле да се позиционираат како мост за економска соработка на Казахстан со пазарите на Југоисточна Европа и пошироко. Од големо значење за меѓусебната соработка се и трите договори од правната сфера, што беа потпишани во август годинава.

Џафери информирал за активностите на Собранието на Република Македонија, нагласувајќи дека во него активно учество имаат сите политички сили, преку интензивен и транспарентен политички дијалог. Исто така, Собранието активно учествува на парламентарните регионални и меѓународни настани. Тој се заложил и за забрзување на активностите за укинување на визите за граѓаните од двете земји, со цел унапредување на меѓусебните контакти, економската соработка и туризмот.

Се осврнал и на евроинтеграциските процеси на Македонија, очекуваното заокружување на интеграцијата во НАТО и добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ, нагласувајќи дека земјата е подготвена да ги совлада сите предизвици кои ги носат пристапните преговори со Европската унија, како и членството во НАТО.

На средбата, претседателите се согласиле дека постои простор за натамошно унапредување на соработката меѓу парламентите на двеет земји, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво, во рамките на меѓународните парламентарни собранија.

Во текот на денот, официјалната делегација од Собранието на Македонија имаше и работен ручек со Групата за меѓупарламентарна соработка „Казахстан – Македонија".

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер