СЗО со предупредување до Европејците: Летувајте одговорно !

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика Европејците да патуваат одговорно во текот на летото и предупреди дека Европа „во никој случај не е надвор од опасност“ од ковид-19.

„Со оглед на зголемувањето на социјални собири, поголема мобилност на населението и големите фестивали и спортски натпревари во наредните денови и недели, СЗО Европа повикува на претпазливост“, рече шефот на СЗО за Европа, Ханс Клуге на брифинг со новинарите.

"Ако одлучите да патувате, сторете го тоа одговорно. Бидете свесни за ризиците. Бидете водени од здравиот разум и не го загрозувајте она што е тешко да се постигне", рече Клуге.

Бројот на нови случаи на ковид-19, смртни случаи и хоспитализации се намалува во последните два месеци, а 36 од 53 земји во регионот започнаа со ублажување на мерките за контрола на инфекцијата.

„Бројот на пријавени инфекции минатата недела беше 368.000, петтина од неделните случаи пријавени за време на врвот во април оваа година“, рече Клуге.

„Сите треба да го признаеме напредокот постигнат во повеќето земји во регионот, но исто така мора да признаеме дека во никој случај не сме надвор од опасност“, нагласи тој.

Клуге рече дека т.н. варијанта делта, која за прв пат е идентификувана во Индија, е причина за загриженост. Оваа варијанта „покажува зголемена заразност“ и многумина кои припаѓаат на ранлива популација над 60 години сè уште не се заштитени.

Со оглед на тоа што само 30 проценти од населението во регионот ја примило првата доза на вакцината, тоа не е доволно за да се спречи нов бран на вирусот, рече тој.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер