СЗО со нови препораки за третата доза: Омикрон би можел да го смени текот на пандемијата

Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача луѓето кои се со намален имунитет или примиле инактивирана вакцина против Ковид-19 да добијат т.н. бустер доза за заштита на ослабениот имунитет.

Шефот на СЗО, Тедрос Адан Гебрејезус, вчера изјави дека омикронот може да го промени текот на пандемијата, но дека сè уште не е познато дали ќе го промени на подобро или на полошо.

Во многу земји се вакцинираат со дополнителни дози, насочени кон постарата популација и лицата со здравствени проблеми, но загриженоста за новата, полесно пренослива варијанта омикрон ги натера некои да ја прошират дополнителната вакцинација на поголем дел од нивната популација.

Со оглед на тоа што стапките на вакцинација се алармантно ниски во повеќето земји во развој, СЗО во последните месеци рече дека давањето први дози наместо бустери е приоритет.

Говорејќи на брифинг со новинарите, претседателот на Стратешката советодавна група на експерти за имунизација (SAGE) Алехандро Кравиото рече дека вакцините обезбедуваат силно ниво на заштита од сериозни инфекции најмалку шест месеци, иако податоците покажуваат дека имунитетот се намалува кај постарите и болните.

„Во моментов продолжуваме да ја поддржуваме потребата за еднаква дистрибуција на вакцината и употребата на третата доза само кај оние со здравствени проблеми или оние кои примиле инактивирана вакцина“, рече тој.

Вакцините против Ковид-19 штитат „многу добро“ шест месеци по последната доза со „помало, поскромно опаѓање“ на заштитата, рече Кејт О'Брајан, директор на Одделот за имунизација на СЗО.

Инактивираните вакцини кои го земаат вирусот САРС-КоВ-2 и го деактивираат или убиваат користејќи хемикалии, топлина или зрачење ги направија кинеските производители Синовац Биотек, државната компанија Синофарм и индиската компанија Бхарат Биотек. Тие беа одобрени од СЗО за итна употреба.

Лидерите на СЗО денеска не ги именувале поединечно вакцините. Во октомври, агенцијата на ОН препорача на лицата постари од 60 години кои примале Синофарм или Синовац да земат дополнителна доза.

„Вакцината Џонсон и Џонсон, која се зема во единечна доза, сè уште е ефикасна, но податоците од клиничките испитувања на компанијата за земање две дози ги покажуваат придобивките од понатамошната вакцинација“, рече Кравиото.

Некои земји, вклучително и Турција, Обединетите Арапски Емирати и Тајланд, даваат засилувачки дози на оние кои биле вакцинирани со кинески вакцини поради загриженоста дека тие не се толку ефикасни против повеќе преносливите варијанти на коронавирусот.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер