СЗО предвидува 236.000 починати од ковид во Европа во наредните три месеци

Светската здравствена организација (СЗО) очекува 236.000 смртни случаи поврзани со „Ковид-19“ во Европа од крајот на август до 1 декември, изјавил регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференцијата во Копенхаген.

Бројот на смртни случаи на Ковид-19 се зголемил за 11 проценти само минатата недела, рече Клуге.

Црното предвидување доаѓа од Институтот за здравствена метрика и проценка на Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Зголемувањето на случаите е предизвикано од многу заразната варијанта делта, ублажувањето на многу мерки за јавното здравје во голем број земји и значителното зголемување на бројот на патувања во текот на летото, рече тој.

Има нагло зголемување на бројот на нови инфекции, особено на Балканот, Кавказ и Централна Азија, додаде Клуге.

Според дефиницијата на СЗО, европскиот регион се состои од 53 земји во Европа, Кавказ и Централна Азија.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер