СЗО: Неконтролираното земање антибиотици, може да доведе до смртни последици

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста .

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста што може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, предупреди европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО).

„Развојот и ширењето на супербактериите се забрзуваат со злоупотреба на антимикробни лекови, што го отежнува ефикасното лекување на инфекциите“, се вели во соопштението на СЗО Европа, која вклучува 53 земји и се протега до Централна Азија.

„Сите земји во нашиот регион имаат регулативи кои штитат од злоупотреба на антибиотици... Спроведувањето на тие регулативи ќе ги реши повеќето проблеми со злоупотребата на антибиотици“, истакна Роб Батлер, раководител на одделот за заразни болести. Организацијата на ОН проценува дека, без итна интервенција, отпорноста на антибиотици може да предизвика до 10 милиони смртни случаи годишно до 2050 година.

Истражувањето спроведено во 14 земји од регионот, лоцирани во Источна Европа и Централна Азија, покажува дека причините дадени како оправдување за земање антибиотици во 24 отсто од случаите се настинка проследена со симптоми на грип (16 отсто), болки во грлото (21 отсто) и кашлица (18 проценти).

„Оваа ситуација е загрижувачка бидејќи овие симптоми често се предизвикани од вируси против кои антибиотиците не делуваат“, се вели во соопштението. Главен извор на загриженост за здравствените власти се рецептите.

Според извештајот, третина од луѓето во БиХ, Црна Гора, Македонија, Албанија, Турција, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан и Узбекистан земаат антибиотици без лекарски рецепт.

Во некои земји, повеќе од 40 отсто од антибиотиците се добиени без лекарско мислење, што е пет пати поголемо од просекот на ЕУ од студијата спроведена во 2022 година. За СЗО влошувањето на економската нееднаквост е уште една опасност бидејќи најмалку образованите и луѓето со најниски примања се оние кои имаат најлоши практики.

Последново „јасно ја демонстрира потребата за образование и свесност“, истакна Батлер. Посочува дека еден од проблемите е да не се заврши антибиотската терапија за да се зачува за друг пат или да се делат тие лекови со болни роднини или соседи.

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Индијана пејсерс ноќеска го победи Њујорк никс во шестиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со 116:103. Резултатот во серијата прв до четири победи сега е израмнет 3:3 и за пласман во полуфиналето ќе одлучува мајсторка.

Џејлен Брунсон со 31 поен беше најефикасен кај Њујорк, но тоа не беше доволно неговиот тим да се спаси од пораз.

Во победничката екипа се истакна Паскал Сиакам со 25 поени, седум скока и пет асистенции.

Седмиот натпревар во серијата ќе се одигра утревечер на теренот на Њујорк.

Победникот од оваа пресметка ќе оди на Бостон селтикс во конференциското финале на Исток. /МИА

Премиера на претставата за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

 Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје вечерва ќе се одржи премиера на претставата за млади „Адамс Фемили“ со адаптација и во режија на Теа Беговска.

-Фамилија Адамс е приказна со која сите сме растеле и за поголемиот дел од публиката е веќе позната. Карактерите се препознатливи, многу атрактивни и предизвикувачки за креирање, како за актерите така и за режисерот. Оваа идеја за Фамилија Адамс за Теа Беговска постои повеќе од осум години и е среќна што Албанскиот Театар за деца и млади му даде шанса на овој проект да се реализира токму со ваква прекрасна екипа на актери. Имаме подела за карактерите која е полн погодок кај нас, се посочува во најавата за претставата.

Претставата е намената за млади и тинејџери, но и за возрасните, за родителите и сите семејства.

-Претстава во која како тема се проткајува љубовта и разбирањето за тоа дека таа е најсилна од се’. Прифаќање на нештата онакви какви што се. Разбирање за тоа дека убавината е во различноста, среќата е во различноста. Среќата како начин и избор, а не нешто наметнато и научено според правила. Вредностите на општеството се учат и применуваат само преку различностите, а не преку строги, одредени и единствени правила. Вредностите на едно семејство не се тоа што го пишува во учебниците, вредностите на семејството не се однапред измислена и научена дефиниција на памет – семејството е искреност, верба, љубов, прифаќање – целосна хармонија, се посочува во соопштението.

Во претставата играат Валдета Исмаили, Мелика Кастрати, Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Флакрон Али, Елдин Широки, Гзим Жерка и Блерим Дардишта.

Сценографија е на Дардан Ахмети и Теа Беговска, костими на Андреј Папаз Ѓоргиевски, композитор е Енес Беговски, мајстор за звук Албин Сопа, мајстор на светлата Елмедин Брахими и Амет Чајани, сценски работник Ќамуран Шапка и Јетмир Адеми, а гардероба на Месер Џемаили./МИА

Утринска уметничка акција на Озбек Ајваз

Во денешните утрински часови, уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната ,,Лотус” во гратскиот парк во Скопје, го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, кое е дел од проектот за проблемот со јавните вециња во градот.

Со последната акција, тие скааат да прикажат едно предлог решение, па за тоа претставуваат една макета -констрикција со испринтаниот тоалет во паркот. Тоалетот би бил изведен од метална контрукција, обложен со дрвени панели, неговите димензии би биле минимални 150 X 250 X 250 сантиметри, за да биде поекономичен за масивно производство и за понатамошно одржување. Исто така овој тоалет би имал можност да се постават и соларни панели на кровот, и исто така да има извор на природна вентилација и светло. Екстериерот на тоалетот би имал зелени ѕидови (вертикално поставени растенија), кои би служеле како разубавување на градот и истите би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

Од страната на макетата има прикажано мапа на Градот Скопје, со означени локации каде би биле идеалните места во градот каде што се најнеопходни највеќе тоалети за главниот град и општините.

притисни ентер