СЗО: Државите да ги почитуваат човековите права кога воведуваат заклучување

СЗО ги повика државите да ги почитуваат човековите права кога воведуваат заклучување.

– Државите сами одредуваат мерки за справување со пандемијата на коронавирус, но треба да го земат предвид нивното влијание врз човековите права, изјави денеска портпаролката на СЗО, Фадела Шаиб.

Нејзиниот коментар беше по повод „локдаунот" од 15 ноември за невакцинираните против Ковид-19 во Австрија, како и одлуката на властите да воведат задолжителна вакцинација против коронавирус во февруари следната година.

– Државите треба да имаат пристап во согласност со проценката на ризикот за да го запрат преносот на инфекцијата, рече Шаиб.

Таа истакна дека тоа треба да се случи „врз основа на проценка на сопствената национална епидемиска ситуација".

Според неа, вакцинацијата против коронавирусот не треба да биде задолжителна, а напомена дека „прашањата за имунизација во земјата треба да ги решава секоја држава".

Шаиб, исто така, ја појасни позицијата на СЗО за блокадата.

– Примената на таканареченото селективно блокирање на одредена група, а не на сите други групи, има одредени етички последици, како и последици за човековите права. Навистина, се зависи од реалната епидемиолошка ситуација во секоја земја, но мора да се има предвид дека селективните блокади ќе имаат одредено влијание врз етичката страна и човековите права, рече портпаролката.

Во врска со тоа СЗО препорачува државите „да продолжат да вложуваат максимални напори за да обезбедат вакцини кои се достапни за сите групи, како што е наведено во националната програма".

– Исклучително е важно луѓето да имаат пристап до вакцини, вакцинацијата да биде објаснета и охрабрувана, заклучи Шаиб.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер