СЗО: Бројот на заболени од респираторни инфекции во Кина е помал отколку пред пандемијата

Порастот на бројот на респираторни заболувања во Кина не е толку голем како пред пандемијата со Ковид-19, изјави денеска висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО).

Марија Ван Керков, вршител на должноста директор на Одделот за подготвеност и превенција од епидемии и пандемии на СЗО, истакна дека во неодамнешните случаи на инфекции на респираторниот систем не се откриени нови или невообичаени патогени.

Според неа, се чини дека зголемувањето на бројот на заболени е предизвикано од зголемувањето на бројот на деца кои се заразиле со патогени, чиешто ширење беше успешно спречено во текот на двегодишните ковид-рестрикции.

Казнети 123 возачи во Скопје, 22 за брзо возење

Вкупно 123 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот.

Како што информира денеска МВР, 22 возачи биле казнети за непочитување на брзината на движење, 14 возеле без возачка дозвола, седум возеле возило под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Истрага против тројца браќа за убиство од одмазда во гостиварско Дебреше

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „убиство“.

Како што информира Јавното обвинителство, тројцата браќа од селото Дебреше на 23 јули 2024 година со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања.

На критичниот ден, најпрво настанала физичка пресметка меѓу еден од браќата и жртвата. По тепачката, осомничениот ги повикал и своите браќа, кои револтирани од домовите зеле огнено оружје – калашников и пиштол. Сите тројца со автомобил „Волво“ со швајцарски регистарски таблички се упатиле кон куќата на оштетениот.

Кога го пронашле, пукале кон него и со пиштолот и со автоматската пушка, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои жртвата веднаш починала.

По настанот, како што се наваедува, тројцата осомничени беа задржани во краткотраен 48-часовен притвор со цел да се извршат сите вештачења.

- Со поведувањето на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците кои евентуално би било потребно да се сослушаат, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Состојба на патиштата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

АМСМ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Тел. (02)15-555

притисни ентер