Свирежи за Реал, Зидан задоволен од пласманот

Фудбалерите на Реал Мадрид со свирежи од публиката беа испратени во соблекувалната по завршувањето на синоќешниот дуел со второлигашот Нумансија (2:2).


Реал кој е актуелен европски и шпански шампион, обезбеди пласман во четвртфиналето на Кралскиот куп, благодарение на победата (3:0) на првиот дуел, а навивачите не можеа да се помират со фактот дека нивниот миленик не извојува победа над второлигаш и тоа на свој терен.

Сепак, тренерот Зинедин Зидан, по натпреварот изјави дека најважно е што Реал оди во следната фаза и е среќен поради тоа.

- Не победивме, ама одиме понатаму и среќен сум за тоа, исто така и играчите. Само треба да продолжиме да работиме. Потребни ни се две-три победи во серија за да ја вратиме самодовербата. Верувам во себе и во целиот стручен штаб, рече Зидан.

Следниот натпревар Реал Мадрид го игра в сабота, повторно на домашен терен во Ла Лига против Виљареал.

Анкета: Мнозинство од Американците сметаат дека економијата и инфлацијата се најважни проблеми

Мнозинство од Американците сметаат дека економијата и инфлацијата се најважни проблеми кои одредуваат за кого ќе гласаат.

Економијата е најважниот од проблемите што американските гласачите ги разгледуваат во оваа изборна година и одредува кому ќе дадат доверба на следните претседателски избори, но исто така важни прашање се инфлацијата, криминалот и безбедноста или имиграцијата и пристапот до абортус.

Според најновата анкета на Ипсос и „Еј-би-си њуз“ 88 отсто од испитаниците укажале дека економијата им е најважана во овие избори. Мнозинството или 46 отсто би дале доверба на Доналд Трамп во справување со економијата, додека 32 отсто доверба би дале на Џо Бајден.

Втор по значајност проблем на овие избори е инфлацијата (87 отсто). Како и со економијата, мнозинство од испитаниците или 44 отсто би му ја дале довербата на Трамп во справување и со инфлацијата, додека само 30 отсто би му ја дале на Бајден.

Трамп исто така води со 41 отсто наспроти 33 отсто и во справувањето со криминалот и безбедноста, проблем за кој 77 отсто од испитаниците рекле дека е најважна.

Во проблемот справувањето со заштитата на демократијата е изедначено, односно 38 отсто од испитаниците рекле дека би му дале доверба на Трамп, исто толку и на Бајден.

Во пробемот здравствена заштита води Бајден. Односно 39 отсто од гласачите би му дале нему доверба во справување со здравствената заштита, наспроти 34 отсто на Трамп.

Во давањето доверба за справување со проблемот на имиграцијата на американско-мексиканската граница убедливо води Трамп кому дале доверба 47 отсто од испитаниците, додека Бајден добил доверба од 30 отсто.

За проблемите оружено насилство и позицијата на САД во светот гласачите исто така повеќе доверба би дале на Трамп отколку на Бајден (37 наспроти 34 отсто и 41 наспроти 34 отсто).

Во горливиот пробем со пристапот до абортусот, 41 отсто од испитаниците доверба даваат за Бајден наспроти 29 отсто за Трамп.

И во последниот по значајност проблем – војната меѓу Израел и Хамас води Трамп, 37 отсто од испитаниците довербата за ова би ја дале за него, наспроти 29 отсто за Бајден.

Медиуми: Барса ќе го отпушти Чави ако сезоната во Примера не ја заврши на втората позиција

Барселона би можела да го отпушти тренерот Чави Ернандес по завршување на сезоната, пренесува денеска весникот АС.

Според истиот извор, тоа ќе се случи доколку тимот заврши под второто место во тековната сезона во Ла Лига.

По 34 одиграни кола, каталонскиот клуб е третопласиран на табелата со 73 бодови, бод помалку од второпласираната Жирона. На 4 мај Барселона загуби од Жирона (2:4) на гостински терен, а Реал Мадрид веќе ја обезбеди шампионската титула.

Чави во јануари објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона, но минатиот месец 44-годишниот стратег рече дека се предомислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Пендаровски:Не постои таков хибрид,почитувам Преспанскиот договор,Северна нема да употребувам

„Вие имате пратеници што заговараа промена на име, со две додавки, со две загради, го знаеме тоа од снимнките, па зошто не го решиле?“

Невозможно е да кажете дека како легалист ќе го почитувате Преспанскиот договор, а Северна нема да употребувате. Може да го направите тоа по дома, со друштво, но како претседател не смеете да не го употребувате уставното име на државата. Овде, на МАНУ, на факултет како претседател мора го употребувате уставното име. Не постои таков хибрид, го почитувам Преспанскиот договор, Северна никогаш нема да употребам. Постоеше безбедносен апсект за влез во НАТО, а по руската агресија се виде дека сме биле во право. Вие имате пратеници што заговараа промена на име, со две додавки, со две загради, го знаеме тоа од снимнките, па зошто не го решиле? Мислам не би требало да ви вадам слики на лидери кои стојат позади вас на бина кои се сликани со тој нарко-барон и се сликани со неговите пријатели и не стојат, не се на поминување туку тераат гозби во кафеана. Вашето опкружување и човекот што ве предложи седи, тера ќеифови, со тој. Сликите не се измислени, туку се доказ. Фета Алими му го спаси животот на Зијадин Села, практично ја одби наредбата на својот претпоставен кој му наредил да остави што ќе сакаат насилниците тоа да прават. Не само што му помогнал и го однел во болница, но во текот на тој чин и се вмешал велејќи „немојте понатаму“, а никој друг од таа група не го стоил тоа. Најважно е да се каже дека судот го докажа случајот за 27 април дека е организиран чин од владејачката партија да не ја препушти власта на партијата која доби доверба од граѓаните, рече Стево Пендаровски во Само Вистина.

притисни ентер