Свињи, стаорци, гуштери... Има 90 домашни миленичиња и сите живеат со неа (ВИДЕО)

Американката Адри Рашел од Атланта има неверојатна љубов за животните.

Оваа 31 – годишна девојка во својот дом чува 90 животни , а домашни миленичиња и се свињи , стаорци , камелеони , мазга , коза и уште многу други.

На животните им дала посебни имиња , од кои најголемиот број ги носат имињата на ликовите од филмот ,,Господар на прстените” . Така , на нејзината фарма и во куќата живеат мазгата Билбо Бегинс, козата Гандалф, кучето Фродо и мачките Боромир и Фарамир.

За да се чуваат толку многу животни , потребни се и многу пари , па Рашел вели дека само за храна и ветринар троши по 10 000 долари годишно . Своите доживувања со миленичињата ги споделува на Инстаграм.

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало со обвинение дека претседателот се дрогира

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ја обвини шпанската социјалистичка влада дека ја загрозува средната класа со политики „кои носат само сиромаштија и смрт“.

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил дека Милеи бил под дејство на дрога за време на кампањата.

„Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез треба да се занимава со поважни прашања, како што се обвинувањата за корупција изнесени против неговата сопруга, прашање што дури го натера да размисли за оставка“, напиша Милеи во официјалното соопштение од Канцеларијата на Претседател на Република Аргентина.

Расправијата меѓу Буенос Аирес и Мадрид започнала откако шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте вчера сугерирал дека Милеи бил под дејство на дрога за време на телевизиските настапи.

Милеи, самонаречен десничарски слободар, исто така ги критикуваше договорите на Санчез со баскиските и каталонските сепаратисти, велејќи дека шпанскиот премиер „го загрози единството на Кралството, склучувајќи договори со сепаратистите и доведе до распаѓање на Шпанија“.

Тој додаде дека илегалната имиграција во Шпанија ја загрозува безбедноста на жените. Шпанската влада денеска категорично ги отфрли тврдењата на аргентинскиот лидер, велејќи дека таквите тврдења „не одговараат на односите на две братски земји и народи“.

Односите меѓу Шпанија и Аргентина се заладија откако Милеи дојде на власт минатиот декември, пишува Politico. Аргентинскиот лидер јавно ја поддржа шпанската десничарска опозициска партија Вокс.

Мелиса од Јужна Африка е најсекси спортската новинарка на светот (ФОТО)

Веќе навикнавме телевизиите да решаваат на своите канали да ангажираат убави дами кои го сакаат спортот, за да можат гледачите уште повеќе да уживаат во него, а изгледа дека SkySport ја најде можеби најубавата меѓу нив.

Мелиса Реди има 37 години и доаѓа од Јужна Африка, но моментално работи во SkySport, каде што блеска со својата убавина на секој пренос пред широката публика.

Таа е многу активна и на социјалните мрежи каде често разговара со своите „фанови“, додека неодамна одговори на прашање - кои три работи ја одржуваат исполнета.

Таа одговори дека тоа е здравје, мир и среќа, а еден корисник би рекол дека Бог ја наградил со убавина на денот кога се родила.

Тоа со право го кажа со оглед на тоа што Мелиса е една од најубавите водителки на светот.

Мадона на Копакабана ќе настапи пред 1,5 милиони луѓе за финале на големата турнеја

Планетарна ѕвезда, град од соништата, легендарна плажа. Вечерва Мадона ќе се појави пред обожавателите во Рио де Жанеиро на монументален и бесплатен концерт на плажата Копакабана.

На најголемиот концерт во кариерата на поп-кралицата се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе. На 65-годишна возраст, американската поп-ѕвезда на тој начин со голем стил ќе ја затвори турнејата The Celebration Tour, одбележувајќи 40-годишна кариера.

На крајот на убавиот есенски ден обележан со летни температури, во самракот ќе светне најголемиот подиум за танцување на светот со настап на неколку диџеи. Нешто пред 22:00 часот (3 часа по средноевропско време) Мадона ќе пешачи директно до плажата и сцената преку мост, поставен специјално за оваа прилика.

По 80 концерти во Европа, Северна Америка и Мексико, настапот во Рио ќе биде големото финале. Атмосферата покрај плажата е празнична и потсетува на опуштената атмосфера на карневалот во Рио. Две јавни проби, во четвртокот и петокот навечер, привлекоа голем број фанови.

Мадона пристигна со три авиони и 270 тони опрема, а нејзиниот концерт ќе донесе околу 53 милиони евра за локалната економија, пресметале градските власти.

притисни ентер