Гласаа 205 новинари од 107 земји, а ласкавите награди ги добија Србин и Американка.
Новак победи со 616 поени, додека второто место го зазеде шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, рекордер во скок со стап, кој доби 335 поени, а трет беше Лионел Меси со 277 поени.
Подолу завршија Ерлинг Халанд, Макс Верстапен, Карлос Аклараз, Кос Хуберт, Ел Бакари Суфиане, а интересно е што на деветтото место се најде Никола Јокиќ кој доби 115 гласа. Десеттото место го комплетираше Килијан Мбапе.
Кај жените гласањето беше значително понеизвесно. Билес победи со 353 поени, второто место го освои кениската атлетичарка Фејт Кипјегон со 329, додека третото место го зазеде шпанската фудбалерка Аитана Бонмати со 297 поени.
Новак минатата сезона освои три од четири Грен слемови, а играше и во финалето на четвртиот. Се врати на првото место на АТП листата, го освои и завршниот АТП Мастерс во Торино и несомнено сосема заслужено е избран за спортист на годината.