Светската атракција „Вока пипл“ на „Охридско Лето“

Уште една атракција на програмата на Охридско Лето 2014, со вечерашниот перформанс на „Вока Пипл“ од Израел на сцената на Античкиот театар.

„Вока пипл“ акапела составот презентираат музичка комедија која комбинира восхитувачки и неверојатни вокални звуци. За прв пат во Македонија пред публиката на „Охридско Лето“ тие ќе го презентираат своето шоу кое ширум светот важи за незаборавно искуство.

- Во концептот на програмата на 54-то издание на фестивалот Охридско Лето, покрај квалитетна програма со учеството на светски познати уметници и ансамбли, голема креативна енергија се посветува и за вклучување на атрактивни фестивалски настани кои ќе го привлечат вниманието на младата и пошироката популација. Во изминатите години реализиравме концерти на вокални ансамбли, како Свингл Сингерс, Перпетуум Џезиле, Вива Вокс, кои останаа запаметени не само во меморијата на посетителите, туку и во фестивалската историја. Оваа година нудиме уште поголема вокална атракција, „Вока Пипл“.

Прв пат во Македонија, пред публиката на Охридско Лето, „Вока Пипл“ ќе го претстават своето шоу кое ширум светот важи за незаборавно искуство кое ја спојува музичката брилијантност со многу хумор, истакнува селкторот на музичката програма Гордана Јосифова-Неделковска.

„Вока пипл“ претставува нов феноменален интернационален вокално театарски перформанс кој ги комбинира восхитувачките вокални звуци и „а капела“ пеењето со уметноста на модерниот битбокс кој ги имитира звуците на цел оркестар - тапани, труби, гитари и други инструменти и музички ефекти. Сето ова „Вока Пипл“ го прават без употреба на било кој музички инструмент на сцената, настапувајќи при тоа со хумористичен перформанс, анимирајќи ја и самата публика.

„Вока Пипл“ за себе велат дека се вонземјани кои потекнуваат од далечната планета „Вока“ на која главниот начин на комуникација не е говорот, туку пеењето, звуците и вокалната експресија. Нивното мото е „Животот е музика и музиката е живот“. Со впечатлив изглед во комплетно бели костуми, со исклучок на нивните црвени усни, тие патуваат низ вселената во нивниот вселенски брод кој е придвижуван единствено од моќта на музиката и не случајно пристигнуваат на планетата Земја.

„Вока пипл“ на сцената презентираат нови музички аранжмани и нивна уникатна примена користејќи повеќе од 70 најпознати хитови, песни и мелодии на сите времиња. Нивното шоу освои огромен успех за многу краток период. За само три години тие имаа повеќе од 50 милиони прегледувања на „Јутјуб“ и распродадоа повеќе турнеи низ Европа, Северна и Јужна Америка и Далечниот Исток. Шоуто привлече повеќе од милион посетители низ светот и цела година беше дел од „Оф-Бродвеј“ театарот во Њујорк.

Во 2012 година „Вока пипл“ ја освоија наградата „Лосил Лортел“ (Лоциле Лортел ањард) за „Извонредно алтернативно доживување“ што ја доделува „Оф-Бродвеј“ театарот во Њујорк, САД. Година дена претходно тие беа номинирани и за француската „Глоб де Кристал“ (Глобес де Цристал) награда, во категоријата за „Најдобра музичка комедија на годината“. /МИА

Мицкоски за спортските ваучери: Граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање  во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.

- Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

- Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.

Мицкоски: Се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување

Најпрвин ќе ми дозволите на сите православни христијани да им го честитам Христовото воскресение, да им посакам на сите граѓани во Македонија и насекаде во светот благосостојба, мир, љубов, хармонија во нивните домови, во нивното семејство. 

Ова се денови кога православните христијани го слават Христовото воскресение, нешто што за нас многу значи, за сите семејства. И уште еднаш ќе потенцирам дека ова се денови кога треба да ги минеме во хармонија и во обединување.

Истовремено ќе ми дозволите да истакнам дека денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно после осми мај. Нешто што треба да биде императив после осми мај. Да ја вратиме надежта. Да ја вратиме надежта дека Македонија и граѓаните на Македонија ќе успеат.

Така што уште еднаш ќе ми дозволите да изразам моја најдлабока лична почит кон македонскиот великан Гоце Делчев од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и од името на Коалицијата „Твоја Македонија“.

Скандал во Франција: Фудбалери со факели ги гаѓаат своите навивачи (ВИДЕО)

Натпреварот од 36. коло на француската Лига 2 Троа - Валенсиен беше прекинат и заврши во 89. минута, по немирите кои настанаа меѓу домашните навивачи и играчите.

Домашната екипа е во грчевита борба за опстанок и повеќе не зависи само од себе, па победа против фенерите и веќе видениот патник во Националната лига беше императив. Сепак, работите не тргнаа во посакуваната насока.

Симон Елисор му донесе водство на тимот во сопственост на „Сити груп“, но Ник Фенема израмни за Валенсија. Минутите поминаа, а надежите на Троја избледеа. Нерешениот резултат би им оставил само теоретски шанси.

Во 89. минута, домашните навивачи со факели го прекинаа натпреварот, што ги налути некои играчи, особено резервниот Жуниор Олаитан, кој на полувремето влезе во игра наместо Лука Илиќ.

Тој не беше среќен што симпатизерите го прекинаа натпреварот во важни моменти, па со факел им возврати на навивачите, што подоцна го повтори откако повеќе од нив паднаа од трибините со уште повеќе пиротехнички средства.

Неговиот пример го следеа и некои соиграчи, кои дополнително ги испровоцираа навивачите и го принудија судијата да ја прекине играта и да им зададе многу работа на дисциплинските органи...

притисни ентер