Светска премиера на „Деца на сонцето“ во Лондон

Долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митриќески, по македонската премиера во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“, денеска ќе има светска премиера во Лондон.

Филмот ќе биде прикажан на 22. Интернационален филмски фестивал „Реинденс“ каде ќе се натпреварува во официјалната конкуренција. Во петок, филмот ќе има и втора проекција.

Вечерта, во петок, ќе биде организиран и прием на кој е најавено присуство на македонскиот амбасадор во Велика Британија, Јован Донев.

Фестивалот се одржува секоја година од 24 септември до 5 октомври. Постои 22 години и е еден од најголемите и најзначајните фестивали на независен филм. Она што е интересно е тоа што овој фестивал не само што е значаен за Европа, како што е „Санденс“ за Америка, туку фестивали „Реинденс“ има и во Монтреал, Торонто, Ванкувер, Њујорк, Лос Анџелес, Детроит, Берлин, Брисел, Париз и Будимпешта. Целта на фестивалот е негување, поддршка и промоција на независниот филм и на новите и алтернативни филмски автори.

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

притисни ентер