Светот соочен со екстремно високи температури

Британија не памети кога последен пат видела стопен асфалт.

Ова се фотографиите од неколку патишта во Кембриџ и Манчестер, како потврда за најтоплиот јунски ден во последниве 40 години што го живее островот. Во Лондон се измерени 35 степени, а температурата пет дена во низа не паѓа под 30-иот. Со слични горештини се соочуваат и Франција, Португалија и Шпанија, каде што е прогласена портокалова фаза. Ако по утрото денот се познава, алармираат од Светската метеоролошка агенција, Европа ја чекаат убиствени топлотни бранови.

- Делови на Европа, Блискиот Исток, Северна Африка и САД се соочија со рекордни температури во мај и во јуни. Се плашам дека сме блиску до нови рекорди и во текот на летото, изјави Омар Бадоур, метеоролог во ОН.

А, летото втор ден е безмилосно и во западниот дел на САД. Најжешко е во Аризона, каде што вчера беа регистрирани 49 степени, а десетици летови и денеска се откажани на аеродромот во Феникс. Базените се преполни со капачи, улиците со штандови за медицински препораки, а мајсторите за климатизери со полни раце работа.

- Луѓето се очајни и не прашуваат за цена, вели мајстор за клими.

- 30 проценти од светската популација живеат во смртоносни услови 20 дена во годината, како резултат на глобалното затоплување, а половина планета сериозно ги чувствува последиците од е климатските промени, вели Комило Мора, експерт за климатски промени од Хаваи
И покрај актуелното глобално затоплување, апсолутниот рекорд од 56.7 степени го држи Смртоносната долина во САД, измерен во далечната 1913-та.


Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер