Милиони шиити оваа недела го одбележаа празникот Ашура, годишнина од смртта на Хусеин, еден од внуците на пророкот Мухамед.
Ашура е национален празник во Авганистан, Иран, Ирак, Либан, Бахреин и Пакистан. Улиците на шиитските градови беа исполнети со верници, а таму беа снимени вознемирувачки сцени.
Поточно, на фотографиите се прикажани шокантни обреди и самоповредување во кои понекогаш се вклучени и мали деца.
Многу верници се упатија кон ирачкиот централен град Карбала, за да ги посетат неговиот гроб и храмот. Верниците одеа низ градот, се удараа со синџиро по грбот и градите и се сечеа со ножеви додека крв им ги покриваше телата и лицата. Други се удараа по градите со постојано темпо.
Ашура паѓа на десеттиот ден од Мухарам, првиот месец од исламскиот лунарен календар. Муслиманите го одбележуваат денот кога Мојсеј беше спасен од Египќаните. За шиитските муслимани, денот е од особено значење.
Тогаш Шиитите ја одбележуваат смртта на Хусеин во битката кај Карбала во 680 година. Хусеин беше внук на пророкот Мухамед и син на Али, основач на шиизмот.
Фестивалот со години беше забранет во Ирак под соборениот претседател Садам Хусеин.