Сведок на „Еразмус": Шуклев бараше да има сексуални односи или 1.000 евра за да даде оценка

Сведокот Дејан Трајковиќ на денешното рочиште за случајот „Еразмус" наведе дека професорот Бобек Шуклев барал да има сексуални односи или да добие 1.000 евра за да и даде оценка на студентка на Економскиот факултет.

Трајковиќ, кој од 2012 од 2018 година бил вработен во бифето на Економскиот факултет, посочи дека две студентки, го прашале дали може да им „среди" за оценка. Сведокот го прашал Шуклев, а тој му рекол да и каже на студентката дека сака да има сексуални односи со неа или таа да плати 1.000 евра. Трајковиќ и пренел и таа одбила да има секс со професорот, но рекла дека ќе плати.

Откако му било пренесено што одговорила, Шуклев рекол „би сакал да имам секс со неа бидејќи е многу убава, но нека си плати".

По некое време, двете студентки, од кои, како што опиша сведокот, „едната била бремена, а другата имала црна коса", повторно го прашале дали има шанси да посредува и за оценка кај други професори.

Демонстраторот Драган Денковски му кажал на Трајковиќ дека може да заврши работа за студенти да добијат оценка кај повеќе професори, меѓу кои Драги Јанев, Славе Ристески, Шуклев и други. Денковски му ги кажал тарифите за плаќање за оценка кај професорите.

Сумите се движеле од 500 до 1000 евра.

Двете студентки прифатиле да платат и тие му дале пари и индекси на Трајковиќ за тој да му ги предаде на Денковски.

По некое време сведокот ги видел оценките во индексите на девојките, за кои тие платиле.

Следното рочиште за случајот „Еразмус" е закажано за 23 декември.

Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.

Обвинетите Шуклев и Ристески се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, Љ.Ј. и С.Д. за злоупотреба на службената положба и овластување, а Денковски за давање поткуп.

Основен суд Скопје 1 на обвинетите им издаде забрана да држат предавања и други работни активности поврзани со кривичното дело за кое се товарат. /МИА.

Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер