По 11 натпреварувачки денови, Параолимписките игри во Париз беа затворени со свечена церемонија на Стад де Франс во присуство на 64.000 гледачи.
Како и за Летните олимписки игри во Париз, уметнички директор на церемонијата беше повторно Томас Жоли, кој одлучи да го трансформира Стад де Франс во огромен ноќен клуб.
Едночасовниот сет вк кој настапија 24 диџеи, го отвори и затвори францускиот пионер на електронската музика Жан-Мишел Жар (76), а го придружуваа Мартин Солвеиг, Кавински, Касиус, Кунгс, Авенер, Офенбах, Поло и Пан, Агорија, диџеј Фалкон …
„Идејата на оваа завршна церемонија беше да ја натераме планетата да танцува. Париз е забава“, рече Џоли.
На затворањето нема дефиле на спортистите, но параолимпијците ги зазедоа местата покрај тревникот уште пред официјалниот почеток на програмата за да можат да го проследат целото шоу.
Во протоколарниот дел од програмата говори одржаа претседателот на Организациониот одбор Тони Естанге и претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) Ендрју Парсонс. /МИА