Суперѕвезда на сајт за возрасни, сака да се врати во рингот (ВИДЕО)

Поранешната ѕвезда во борење, Пејџ ВанЗант, која во последниве години се посвети на продажба на експлицитни содржини на OnlyFans, најави враќање на борбите во март, четири години по разделбата со UFC и три од нејзината последна борба.

Иако не прецизира против кого во која дисциплина во боречки вештини, ВанЗант откри во подкастот The Kickass Love Story, кој го води заедно со нејзиниот сопруг, дека ја прифатила борбата на 23 март, што ѝ е особено драго затоа што „може да го направи пред нејзиниот 30-ти роденден“, што е три дена подоцна, пишува Марка.

Таа не ги објави деталите бидејќи се уште не го потпишала договорот.

ВанЗант беше голем проект на УФЦ, но во девет натпревари во најпознатата светска ММА организација постигна не особено импресивен рекорд од 5-4, победувајќи ситни противнички и губејќи од сериозни. Таа се раздели со УФЦ во 2021 година по поразот од Аманда Рибас.

После тоа, имаше два меча без ракавици во БКФЦ и ги загуби двата, и се обиде да се бори, но се откажа од сето тоа откако реши да отвори профил на OnlyFans, каде што достигна статус на ѕвезда, многу поголем отколку како спортистка, и „заработи повеќе во првите 24 часа отколку во целата нејзина борбена кариера“.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер