Сугарески на маалскa средба во Градско: Се обврзавме да градиме по план, инвестираме 850 милиони евра во патната инфраструктура

Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески, попладневно  присуствуваше на маалска средба со жителите на општина Градско, се наведува во партиското соопштение.

На средбата, Сугарески меѓу другото се осврна на изградбата и реконструкцијата на авотпати, како и локални и магистрални патишта, кои освен што ја унапредуваат патната инфраструктура, обезбедуваат и поволни услови за забрзан локален економски раст.

- Како одговорна партија се обврзавме да градиме по план и тоа е видливо. Започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура и се гради насекаде низ државата. Она што е значајно за вас и за овој регион е дека започна изградбата на делницата Градско - Дреново од експресниот пат Градско - Прилеп. Ескпресниот пат ќе се гради по сите безбедносни и технички стандарди со што ќе се зголеми безбедноста во сообрајќајот, но секако дополнително ќе влијае на економскиот развој и ќе даде дополнителен стимул за економската моќ на Градско и регионот. Во меѓувреме, следува и рехабилитација на регионалниот пат Велес - Градско, порача Сугарески.

До овој момент, истакна Сугарески, изградени и рехабилитирани се преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра, а интензивно се работи на изградба на гасоводната мрежа, канализациски и водоводни системи низ целата држава.

СДСМ преку секојдневни средби останува со граѓаните, да го слуша нивниот глас и да ги реализира нивните потреби. Мерките и политиките во интерес на граѓаните и државата продолжуваат.

За нас, зборот важи.

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер