Судиите, обвинителите, адвокатите почнуваат со обука за примена на ЗКП

Судии, јавни обвинители, претставниците на правосудната полиција и адвокати од денеска почнуваат со тридневни напредни обуки посветени на новиот Закон за кривична постапка, кои ќе се реализираат во Академијата за судии и јавни обвинители.

Целта на работилницата, како што велат од Академијата, е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за кривичната постапка, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на правосудната полиција, судиите, јавните обвинители и адвокатите за постапувањето во кривичната постапка.

Реализацијата на обуката е предвидена како работилница на која се комбинира теоретскиот со практичниот дел. Во теоретскиот дел се опфатени клучните измени на ЗКП, а во практичниот дел овие измени се опфатени во предвидените вежби.

Обуките по овој модул ќе се реализитраат во три дена преку наставни модули: предавање со помош на Power Point презентации, студии на случаи, симулации, играње на улоги, дискусии и изработка на писмени акти.

Првата обука ќе ја реализира едукаторскиот тим во чиј состав ќе бидат јавниот обвинител на Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Јован Илиевски, јавниот обвинител во Вишо јавно обвинителство-Штип Тодор Витларов, судијата на Апелацискиот суд-Скопје Зуица Наумовска, адвокатот Ненад Јаникевиќ, проф.Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, началникот на Централни полициски служби при Министерството за внатрешни работи Митко Чавков и началникот на Центар за обука при МВР на РМ, Гоце Бачанов.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

притисни ентер