Судењето за „Рекет" закажано за 3 декември, ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска

 Предметот „Рекет" во кој  се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска. 

Првото рочиште е закажано за 3 декември 2019 година во 10 часот.

Од Кривичниот суд информираат дека согласно АКМИС – електронскиот систем, предметот КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Николовска – Масевска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело", а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание". Јанева се товари и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување". Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор.

Израел почна евакуација на Рафа пред планираната воена операција

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска почнаа да го евакуираат Рафа во јужниот дел на Појасот Газа пред планираната воена операција во градот.

- Почнуваме операција со ограничен опсег за привремено евакуирање на жителите на источен Рафа, изјави портпаролот на ИДФ.

ИДФ ги повикаа жителите на источниот дел на градот на границата со Египет да се преселат во кампот Ал-Маваси на Медитеранот неколку километри северно. Според портпаролот на ИДФ, се проценува дека се погодени околу 100.000 луѓе. Тие биле информирани преку СМС порака, телефон, летоци и преку медиуми на арапски јазик.

Луѓето треба да одат во „проширена хуманитарна област“ во областа Ал-Маваси. Таму има храна, вода и лекови, рече портпаролот на ИДФ. Армијата исто така постави теренски болници. Портпаролот не можеше да каже колку време имаат луѓето да се евакуираат.

Тој нагласи дека доставувањето хуманитарна помош за населението ќе продолжи непречено за време на операцијата за евакуација. Таа може да се донесе до крајбрежниот појас преку различни рути, на пример преку пристаништето во Ашдод.

ОН ја осудија забраната на Ал Џезира во Израел

Обединетите нации ја истакнаа важноста на слободата на медиумите по одлуката на Израел да ја забрани Ал Џезира во земјата.

- Ние сме силно против секоја одлука за укинување на слободата на медиумите. Слободните медиуми обезбедуваат непроценлива услуга за да се обезбеди јавноста да биде информирана и ангажирана, изјави синоќа во Њујорк портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека неговиот кабинет едногласно гласал за затворање на телевизијата Ал Џезира во Израел. Телевизијата ја осуди одлуката и истакна дека ќе ги искористи „сите можности“ за заштита на своите права и вработените.

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема да ве изневери, но сега е потребна вашата поддршка

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем.

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш повеќе СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите“, пред струмичани го истакна др. Венко Филипче, кој како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина вечерва се обрати на централниот митинг во Струмица.

Филипче истакна дека во изминатите 20 дена се сретнал со многу нови луѓе, запознал и верни членови на СДСМ и вистински социјалдемократи, но и луѓе разочарани од политиките на партијата. Кон нив Филипче упати директна порака:

„Пред сите нив, а сега и пред вас исправено стојам и кажувам: СДСМ нема да ве изневери. Не можеме да си дозволиме да молчиме, не можеме да си дозволиме да останеме дома. СДСМ ќе се промени. Но, не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ. Ве повикувам да им се спротивставите на оние кои се обидуваат да нè потценат и уценуваат. Да им се спротивставиме на оние кои сакаат да нè поделат и кумуваат со нашите противници. Никогаш не се откажавме од основните постулати на социјалдемократијата, мирот, слободата, еднаквоста и грижата за секој“, рече Филипче.

Филипче повика на обединување и мобилизација:

„Да не дозволиме поделба, да избереме единство. Ова е време да покажеме дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ“, рече Филипче.

Тој додаде и дека не било лесно да се донесат визионерски одлуки со кои се решаваат проблемите за овие и за многу следни генерации и потенцираше дека ова е суштинската разлика помеѓу она што го нуди СДСМ и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика на единство во партијата и мобилизација за поддршката за СДСМ, која како што вели, нема да ги изневери граѓаните бидејќи не се работи за победа на избори туку обезбедување на иднината што сите ја заслужуваат.

„Ова е суштинската разлика помеѓу она што го нудиме ние и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Ние играме со отворени карти. Вие знаете каде сме, каде одиме и што сакаме да постигнеме. Нема скриени агенди, нема завиени и лажни одговори. ВМРО-ДПМНЕ игра со скриени карти. Тие се како оние продавачи кои ви продаваат производ во темна, затворена кутија во која не се гледа производот. Ви велат, може да ја отворите само после изборите, само откако ќе платите со вашиот глас. А кога некој ви продава производ што не може да го видите, бидете сигурни дека со тој производ нешто не е во ред“, потенцира Филипче.

Скопје, 6 мај 2024

СДСМ

притисни ентер