Американецот Томас Самервил (21) од чикашкото предградие Кемтон Хилс е обвинет дека на 24. март во спалната соба со удари со бејзбол палка на смрт ја претепал својата мајка , Мери Самервил (53) .
Неговиот адвокат во судницата денеска изјави дека студентот помислил дека во спалната влегол разбојник и затоа му се нафрлил со бејзол палка , што била закачена на ѕидот. Тој додаде и дека Томас е подготвен да плати 300 000 долари кауција за да се брани од слобода, колку што одреди судот на областа Кеин.
Во моментот кога ја нападнал својата мајка , Томас бил под дејство на алкохол , утврдила истрагата.
Според адвокатот , Томас е толку трауматизиран во моменто , што секоја казна би била помала од она што го преживува по смртта на мајка му.
Убиството од втор степен може во САД да се казни и со условна казна , но и со затвор до 20 години. Следното рочиште ќе се одржи на 23 мај .