Потребни состојки: 200 гр. печурки, 1 домат, 1 главица кромид, 100 гр. пилешко месо, 100 гр. свинско месо, 100 гр. мелено месо, малку магдонос, малку сланина, малку кашкавал, малку доматно пире, 1 лажица павлака, зачин од сув зеленчук, буковка и црн бибер по вкус.
Постапка:
Во тава со загреано масло се пропржуваат: сечканиот кромид, пилешкото и свинското месо, печурките и меленото месо.
Се додава сечкан домат и состојките се зачинуваат со: зачин од сув зеленчук, буковка и црн бибер по желба.
Сите состојки се пропржуваат околу 15 минути.
При крај се додава малку доматно пире и малку магдонос и состојките се пропржуваат уште 2 минути.
Потоа состојките се префрлуваат во земјено грне и одозгора се покриваат со кашкавал и сланина.
Одозгора се декорира со неколку парчиња домат и 1 лажица павлака.
Се става да се пече во загреана рерна околу 2-3 минути.