Страшна најава:Наскоро пристигаат роботи со сила како 500 луѓе!(видео)

Роботи кои не може да се уништат слични на Терминатор за само 50 години би можеле да станат водечка служба за итни случаи, предвидува футоролог Мет Шор.

Овие киборзи ќе може да делуваат во екстремни временски услови во кои сегашните машини не можат.
На услуга ќе бидат 24/7, ќе имаат сила како 500 луѓе и ќе можат да ги спасуваат луѓето кои доживеале катастрофа.
-Во кризни ситуации стана неопходно да се размислува инвентивно. Пронаоѓачите веќе сега размислуваат за начините на кои службите за итни случаи може да унапредат поефикасно спасување на луѓето, а нема сомнежи дека роботиката е едно од клучните решенија“, вели Шор.
Тој смета дека роботите ќе бидат во состојба брзо да реагираат во случај на сообраќајни несреќи и дека ќе можат да го чистат снегот побрзо од што луѓето било кога би можеле. Исто така ќе знаат да извршуваат оживување на луѓето но ќе можат да им упатат зборови наутеха.
На тој начин роботите ќе бидат асистенти на полицијата, пожарникарите и брзата помош и ќе спасат стотици животи.
Тие ќе имаат и органски и биохемички делови на телото. А ќе бидат направени од материјал кој е отпорен на огин.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер