Стотици мигранти пред грчката и бугарската граница на пат кон Европа

Ја остварува ли Ердоган неколку годишната закана дека ќе ја крене рампата за бегалците кон Европа?

Стотици мигранти итаат кон гранците на Грција и кон Бугарија во обид да влезат на нивна територија. Дел од нив, како што објавуваат турските медиуми, со бротчиња веќе се истовараат на грчкиот остров Лезбос, а синоќа беа регистирани поголеми групи мигранти кои тргнале да ја напуштат Турција.

-Турската полиција ни каже дека границата е отворена. Ни рекоа дека можеме да ја поминеме. Сакаме со бродчиња да преминеме во Грција, изјави мигрант од Сирија.

Анкара официјално не потврдува дали навистина ги отворила границите и само соопшти дека нема промена на нејзината политика кон бегалците. Грција соопшти дека ја зајакнува безбедноста на границата, исто како и Бугарија. Премиерот Борисов оцени дека актуелните настани можат да предизвикаат нова мигрантска криза, како во 2015-тата.

-Добивме информации дека во Одрин веќе има групи мигранти. Зборував со министрите за внатрешни работи и одбрана и веќе дислоциравме полиција на границата, со што максимално ја засиливме границата, како и морето. Вознемирувачко е што турските граничари се повлекоа од функциите што досега ги извршуваа, изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија

Ваквиот пресврт следи откако синоќа 33-ца турски војници беа убиени во воздушен напад на силите на претседател Асад во сириската провинција Идлиб. Турција изрази сомнеж дека за нападите знаела, но не алармирала Русија, која е близок сојузник со режимот на Асад. Турските сили почнаа одмазничка акција врз околу 200 цели на владините сириски сили. Попладнево Ердоган и Путин телефонски разговараа, Брисел стравува од ескалација од пошироки меѓународни размери, НАТО свика вонредна седница, давајќи и поддршка на Анкара за случувањата во Идлиб.

-Нашата позиција е многу јасна. Ги повикуваме Русија и режимотна Асад неодложно да ги сопрат нападите и да придонесат кон мировно решение за кризата во Сирија., изјави Јенс Столтеберг, генерален секретар на НАТО

Проценките се дека во Турција се згрижени 3,7 милиони сириски бегалци. Според договорот постигнат со Европската Унија пред четири години, Анкара треба да го контролира бранот мигранти, за што Брисел издвои шест милијарди евра.

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

притисни ентер