Стоплени сите детски срца на Детска Болница - Козле!

Оваа година, на традиционалниот хуманитарен божиќен базар „ELA во Погон,“ малите херои и сите хумани посетители успеаја да соберат средства за целата Детска Болница - Козле! 

Да ја завршиме годината со уште една убава и успешна приказна! Тимот и учениците на English Language Academy - ELA повторно докажаа дека со срце и труд, сè е возможно!

Оваа година, на традиционалниот хуманитарен божиќен базар „ELA во Погон,“ малите херои и сите хумани посетители успеаја да соберат средства за целата Детска Болница - Козле! Благодарение на оваа иницијатива, тимот обезбеди постелнини за секој кревет во болницата или вкупно 235 парчиња постелнина за секое детско креветче. Дополнително ја украси клиниката со радост и насмевки, создавајќи топла и пријатна атмосфера за малите пациенти и нивните семејства.

„Благодарни сме до небо за целата поддршка што ја добивме! Гордоста што ја чувствуваме кон нашите ученици не може да се опише. Тие покажаа дека со креативност, посветеност и љубов, можат да направат големи промени,“ изјавуваат Сања и Марија, координаторки за образовни стратегии и развој во ELA.

Новогодишните украси и картички изработени од учениците не само што беа вистински ремек-дела, туку и симбол на нивната желба да направат добро дело. Секој собран денар беше искористен за да се подобри искуството на децата кои се лекуваат на клиниката и да им се покаже дека не се сами во својата борба. На хуманитарната акција се приклучија многу мали бизниси кои заедно со дечињата на ELA направија оваа хуманитарна приказна да биде успешна до небо. Голема благодарност до Farina's handmade, Мала Пажња, ДА, за забави, Iva Creativa, Ikche Green Fairy, 5 до 12, Едиција Светулка, Елена Настеска, Маја Попоска и секако Погон Бар.

Тимот на ELA испраќа огромна благодарност до сите хумани луѓе кои се придружија во оваа акција и помогнаа да се прошири љубовта и топлината. Ви посакуваме најубава и најсреќна Нова година! Бидете хумани, бидете среќни, бидете здрави! ��

Монструмот од Цетиње бил најден преку термална камера, ги убил и децата на газдата на кафеаната

Околу половина час траел крвавиот поход на Ацо Мартиновиќ во Цетиње, при што на пет локации убил 12 жртви и ранил четири лица, пред специјалните полициски единици да го опколат .

Околу половина час траел крвавиот поход на Ацо Мартиновиќ во Цетиње, при што на пет локации убил 12 жртви и ранил четири лица, пред специјалните полициски единици да го опколат во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа, дознава порталот Стандард.

Мартиновиќ уби три жени, седум мажи и две деца во својот убиствен занес.

Сѐ започнало во една кафана по цел ден пиење во пријателска атмосфера, кога Ацо Мартиновиќ се расправал и решил да го започне крвавиот поход.

Излегол од кафеаната за да земе оружје, а потоа брзо се вратил и ги испукал фаталните истрели кон четири лица. Мартиновиќ откако убил четири лица со кои цел ден се дружел во кафаната, продолжил да сее смрт на уште четири локации. Затемнетата свест на овој цетињенец не ги поштедил животите на две деца на возраст од 12 и 13 години, чиј татко, сопственик на кафеаната, претходно го убил.

Крвавиот поход траел помалку од половина час, по што Мартиновиќ побегнал со својот автомобил. По првите информации за пукање во кафаната и на други локации, имало индиции дека масакрот ќе продолжи на уште неколку локации, кои полицијата со брза интервенција успеале да ги обезбедат.

Како што дознава порталот Стандард, Мартиновиќ и претходно со првостепена пресуда бил осуден за недозволено поседување оружје и експлозивни материјали, поради што се стравувало дека ќе ги таргетира обвинителот и судијата што го осудил, но со интервенција на полицијата, тие локации биле брзо обезбедени.

Според неофицијални информации, Мартиновиќ по масовното убиство побегнал со својот автомобил, кој поради полициските блокади што му биле поставени низ градот решил да го напушти и да го остави на страната на патот во местото Бајице.

После тоа полицијата од неколку локации добила информација дека тој наводно бил виден, но ниту една од тие информации не била потврдена, како онаа дека се сокрил во холот на фабриката „Обод“.

Во соработка со мештаните, полициските службеници добиле нови информации дека Мартиновиќ можеби се крие во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа.

Специјалните единици на полицијата потоа го опколиле теренот, каде со помош на термална камера го забележале Мартиновиќ во близина на таа зграда.

Полицијата потоа му упатила предупредување да го остави оружјето и да се предаде. Откако се нашол во круг од кој не можел да излезе, Мартиновиќ истрчал до блискиот потпорен ѕид каде си пукал во главата, по што починал во амбулантно возило.

Масовна тепачка во белградски хотел порадио кокаин на масата (ВИДЕО)

За време на новогодишната ноќ во хотел во Белград, дошло до голема тепачка кога група млади момчиња почнале да ги удираат сите пред нив.

Причината за нападот била бизарна - предупредување да не се користи кокаин на масата, пренесе Телеграф.

Како што можете да видите на видеото од местото на нападот, младите го нападнале кого и да стигнале, го фрлале преку шанкот во фоајето на хотелот, ги соборувале на земја и клоцаат по неколку луѓе еден по друг. Освен што групно ги тепале мажите, тие ги напаѓале и жените и ги соборувале на земја, а насекаде се слушале извици и врисоци.

Не се знае дали во тепачката има сериозни повреди, дали некој побарал лекарска помош и дали некој од напаѓачите е приведен.

Северина на пречекот во Сараево го донесе и синот: Тој, јас и уште вие 55 илјади (ВИДЕО)

Северина пееше во Сараево на дочекот на 2025 година.

Таа на Инстаграм откри дека го однела синот во Босна и Херцеговина.

Севе објави видео на кое може да се види како гледа низ прозорецот со нејзиниот син кон илјадниците луѓе кои се собраа на една од најфреквентните улици во Сараево.

„Тој и јас... И 55 илјади вие во Сараево... Каква енергија, сите пеевме и игравме како едно, убави луѓе како едно големо срце... Јас сум среќна жена...“, напиша таа во описот.

Според податоците на МУП на кантонот Сараево, на концертот имало повеќе од 55 илјади луѓе. Северина половина час пред полноќ излезе на сцената и ја дочека Новата година со граѓаните.

На репертоарот беа триесетина од најголемите хитови од нејзината кариера, но и неколку песни кои ѝ се особено драги. Еден од нив беше „Сараево, љубов моја“ од Кемал Монтено, со која ја пречека со публиката 2025 година. Пред полноќ, на сцената ѝ се придружи и градоначалникот на Сараево, Предраг Пухариќ.

За време на нејзиниот настап таа рече дека сака ниту едно дете да не се повреди оваа година. Им пружи поддршка и на студентите од Белград, кои исто така пристигнаа во Сараево. Освен Северина, на новогодишната ноќ во Сараево настапи и Ади Шоше.

притисни ентер