Столтенберг: Повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан се одвива успешно

 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан се одвива успешно.

По претседавањето со виртуелните состаноци на министрите за надворешни работи и одбрана на НАТО, Столтенберг во Брисел изјави дека „повлекувањето на силите напредува на уреден и координиран начин".

– Безбедноста на нашиот персонал е најважна на секој чекор од процесот, рече Столтенберг.

Тој додаде дека НАТО „ќе го продолжи цивилното дипломатско присуство во Кабул, за да ја советува и поддржува обуката на авганистанските безбедносни служби".

Дипломати на НАТО оваа недела рекоа дека не е јасно кој ќе ги заштити тие странци – цивили или како ќе биде обезбеден меѓународниот аеродром во Кабул, кој е цел на чести талибански напади.

Столтенберг рече дека НАТО исто така проучува начини за едукација на авганистанските војници и обука на специјалните сили некаде надвор од таа земја.

Тој додаде дека министрите се согласиле дека „континуираната поддршка е најдобриот начин за сите да придонесеме во мировните напори во Авганистан".

Напуштањето на Авганистан ќе биде на агендата на самитот на НАТО во Брисел на 14 јуни, со кој ќе претседава американскиот претседател Џо Бајден. Ниту еден авганистански лидер нема да присуствува на состанокот.

НАТО помага во обезбедувањето безбедност во Авганистан скоро две децении, но сега верува дека владата и вооружените сили што ги обучила се доволно силни за да можат да работат самостојно, без помош на меѓународни трупи, во земјата која е разорена од конфликти.

НАТО ја презеде безбедноста во Авганистан во 2003 година, две години откако коалицијата предводена од САД ги собори талибанците бидејќи даваа засолниште на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Останаа помалку од 9.000 странски војници, вклучително и 3.500 американски кои треба да заминат до 11 септември.

Бекам се пофали со ново хоби, фановите воодушевени: И кокошките ти се убави (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали со своето ново хоби на Инстаграм и ги насмеа обожавателите.

Поранешниот фудбалер поставил кокошарник на својот имот вреден 7 милиони евра, каде живее со сопругата Викторија.

„Добро утро“, напиша тој заедно со видеото на кое се шета низ градината со кокошки и петел што го следат, што ги насмеа фановите.

Видеото собра дури 3,1 милион лајкови и бројни коментари.

„Дури и твоите кокошки изгледаат добро“, напишал еден фан, а многу фанови се согласија.

Инаку, Дејвид и Викторија почнаа да се занимаваат со органско земјоделство за време на пандемијата, а освен кокошки имаат и овци и произведуваат мед.

Богатството на кралот Чарлс III е зголемено за 10 милиони фунти, но премиерот Сунак е побогат

Личното богатство на британскиот крал Чарлс Трети се зголемило за десет милиони и сега изнесува вкупно 610 милиони фунти.

Како што објави „Дејлимејл“, кралот Чарлс Трети сега е побогат од неговата мајка кралицата Елизабета Втора, чиј личен имот бил проценет на 370 милиони евра.

Кралот, кој ја презеде функцијата пред неполни две години, моментално се наоѓа на 258. место на листата на најбогати луѓе во Велика Британија. Минатата година Чарлс III беше на 263-то место на оваа листа. Британскиот монарх го зголемил своето богатство благодарение на растот на вредноста на недвижниот имот што го поседува, а претходно ѝ припаѓаше на кралицата Елизабета Втора.

Списокот на имоти на кралот Чарлс III ги вклучува само неговите лични имоти, а не и оние што ги поседува кралското семејство. Потсетуваме дека британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година.

Таа на тронот помина 70 години и 214 дена. Таа е вториот монарх во светот со најдолго владеење во историјата по францускиот владетел Луј XIV, кој на тронот поминал 72 години и 110 дена.

Интересно е што кралот Чарлс не е најбогат меѓу јавните личности, односно оние кои се занимаваат со државни работи. Британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мути заработија нови 120 милиони фунти во последната година. Вредноста на нивното богатство се проценува на 651 милион фунти.

Шоу во тајванскиот парламент- пратеник го украде законот, сите го бркаат, снимката е хит(ВИДЕО)

Тајвански пратеник стана хит на социјалните мрежи откако се обиде да го спречи усвојувањето на закон на бизарен начин: го грабна законот и истрча од Претставничкиот дом.

Инцидентот се случил денеска, непосредно пред новоизбраниот претседател Лаи Чинг-те да ја преземе функцијата, пренесе Јутарњи лист.

Утринската седница веќе била напната, пратениците викаа и се туркаа, уште пред да се донесе законот. Ситуацијата ескалирала кога пратеникот, кој го добил прекарот „Бил бандит“ го грабнал законот и истрчал кон излезот, додека останатите го бркале.

Видеото споделено на социјалната мрежа Х, собра повеќе од девет милиони прегледи, а во коментарите има и шеги на сметка на пратеникот.

„Тој ги зеде работите во свои раце! Вакви ситуации гледаме само во филмовите“, напишал еден во коментар, додека други шпекулираат дека Тајван ги произведува повеќето компјутерски чипови во светот, но судејќи според видеото, можеби немаат фотокопири.

притисни ентер