Столтенберг: НАТО ќе направи се што е потребно за да гарантира стабилност на Западниот Балкан

Неодамна се вртаив од посета на регионот на Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија и се сретнав со лидерите од регионот.

Безбедносните прашања, пред се случувањата на Блискиот Исток и Украина ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот, додавајќи дека покрај за овие прашања ќе стане збор и за глобалните предизвици на Пактот, првенствено поврзани со Кина, членството на Шведска, како и состојбите на Западниот Балкан.

- Неодамна се вртаив од посета на регионот на Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија и се сретнав со лидерите од регионот. Тоа што го гледаме таму е дека тензиите се зголемуваат, подбуцнувачка реторика во БиХ, сериозни инциденти на насилство во Косово, вклучитено и напад врз мировниците на НАТО, при што беа ранети војници на НАТО, некои од нив сериозно, како и инцидентот во Бањска, при што беа убиени три лица, изјави Столтенберг.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова претставуваат сериозни инциденти и НАТО мора да остане фокусиран на Западниот Балкан.

- НАТО ќе направи се што е потребно да одржи и да гарантира стабилност на регионот, бидејќи тоа не е важно само за Западниот Балкан, туку и за цела Европа и НАТО. Ние сме приутни таму, работиме со силите на ЕУ во Босна и Херцеговина и имаме присуство во Косово и во сенка на зголемените тензии испративме 1.000 дополнителни војници. Ќе продолжиме да работиме со сојузниците и партнерите во регионот за да превенираме ескалација, порача Столтенберг.

Тој го поздави продолжувањето на хуманитраната пауза во конфликтот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тоа ќе овозможи многу потребното олеснување на луѓето од Газа, ослободување на уште заложници, како и дистрибуција на хуманитарна помош.

- Исто така ќе се осврнеме и на ситуацијата во Украина каде гледаме интензивирање на судирите и бура на напади со дронови врз украинските градови. Тоа ја прави уште поголема потребата за наша поддршка на Украина, нагласи Столтенберг.

Тој ги поздрави најавита за помош за Украина од страна на Германија во износ од осум милијарди евра и од Холандија од две милијарди евра, воспставувањето на центар за обука на украинските пилоти за управување со авионите Ф-16 во Романија, испраќањето на дополнителна противвоздушна одбрана и формирањето на Коалицијата за воздушна одбрана за Украина од страна на 20 членки на Алијансата.

Столтенберг нагласи дека министрите на состанокот ќе ја потврдат долгорочната поддршка на НАТО за Украина, најавувајќи дека на утрешното прво заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за надворешни работи ќе учествува и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

Тој нагласи дека и покрај некои предвидувања на почетокот на агресија на Русија врз Украина дека руските сили за неколку недели ќе бидат во Киев, тоа не се случи туку напротив украинските сили ослободија половина од окупираната територија на почетокот на инвиизјата.

- Наша обврска е да и го обебзедиме на Украина оружјето што и е потребно. Ќе биде трагедија за Украинците ако победи (рускиот) претседател (Владимир) Путин, но и тоа ќе претставува опасност за сите нас. Ќе им се испрати порака до авторитарните лидери, не само во Москва, туку и во Пекинг, дека со прекршување на меѓународното право, може да нападнете друга земја и со употреба на сила да го добите она што го сакате, рече Столтенберг, додавајќи дека затоа САД и сите сојузници од НАТО мора да продолжат со поддршката за Киев.

Во однос на шведското членство во НАТО, Столтенберг истакна дека се надевал оти на овој состанок Шведска ќе стане полноправна членка на НАТО, но дека тоа не се случи, но го поздрави започнувањето на процесот на ратификација на протоколот за прием на Стокхолм во турскиот Парламент и изрази надеж дека тој ќе заврши што е можно побрзо

- Ќе биде добро за сите нас, за Шведска, за НАТО, за Турција, доколку ја имаме Шведска како полоправна членка, додаде Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО нагласи дека Анкара има легитимни безбедносни грижи поврзани со тероризмот, потсетувајќи дека Курдската работничка партија (ПКК) не прогласена за терористичка организација само во Турција, туку и во други земји, па затоа сојузниците мора да работат заедно на отстранување на таа сериозна турска загриженост.

Земјава на министерскиот состаанок ја претставува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Најмалку 93 лица загинаа во поплавите во Кенија

Кенија го одложи отворањето на училиштата за една недела поради последиците од големите поплави предизвикани од обилните дождови кои ја погодија оваа источноафриканска земја од средината на март и досега однесоа речиси 100 животи.

Се проценува дека 93 лица загинаа во поплавите, а се очекува бројот да се зголеми откако синоќа се преврте брод во северниот округ Гариса.

Кенискиот Црвен крст соопшти дека 23 лица биле спасени од чамецот, но десетици се уште се водат како исчезнати.

Во соопштението на Министерството за образование се наведува дека во поплавите тешко се оштетени некои училишта. Локалните медиуми објавија дека повеќе од 100 училишта се поплавени, а на многу од нив им се урнати ѕидови и покриви.

Сите училишта кои денеска требаше да бидат отворени, го одложија тоа за 6 мај.

Обилни дождови ја погодија Кенија од средината на март, а Одделот за метеорологија на земјата предупредува на опасност од нови врнежи.

Најголем број жртви се евидентирани во главниот град на Кенија, Најроби, каде во вчера беше поплавен и аеродромот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека се поплавени пистата, терминалот и товарниот дел на аеродромот.

Повеќе од 200.000 луѓе низ земјата се погодени од поплавите, а куќите беа потопени во областите подложни на поплави додека луѓето бараа засолниште во училиштата.

Кенискиот претседател Вилијам Руто побара од Националната служба за млади да обезбеди земјиште за привремени кампови за погодените од поплавите.

Во источноафриканскиот регион се соочуваат со поплави поради обилните дождови, а во Танзанија се пријавени 155 загинати, додека повеќе од 200.000 се погодени во соседен Бурунди. /МИА

Гвардиола: Арсенал повеќе нема да губи бодови, ние ако ремизираме нема да ја освоиме титулата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим треба да победи на сите преостанати натпревари доколку сака да ја освои шампионската титула во Англиското фудбалско првенство.

- Мислам дека Арсенал повеќе нема да губи бодови. Ова е слично на ситуацијата со Ливерпул во минатото. Нас ни остануваат уште четири натпревари, пат тежок како да се искачиме на висока планина. Ако негде ремизираме, нема да го освоиме шампионатот, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор на табелата во Премиер лигата со 79 бодови од 34 натпревари. Лидер е Арсенал со 80 бода по 35 кола.

До крајот на првенството, Арсенал ќе игра дома со Борнмут и со Евертон, а ќе му гостува на Манчестер јунајтед.

Сити ќе го пречека тимот на Вулвс и на Вест Хем, а ќе гостува кај Фулам и на Тотенхем. /МИА

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

притисни ентер