Стојков: Бугарија се обидува да врши асимилација со сите средства

По пописните резулатати и преполовениот број на Македонци во Албанија, лидерот на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков вели дека Бугарија обидите за асимилација ги врши со сите средства. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Прогласена е епидемија на морбили во Подгорица, забележани уште три нови случаи

Во текот на претходната недела се регистрирани три нови случаи на морбили, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се искачил на 19.

Како што соопштија од Заводот за јавно здравје (ИЈЗ), од трите новорегистрирани случаи, два се регистрирани во Подгорица и двата се епидемиолошки поврзани со еден од претходно регистрираните случаи. На овој начин се исполнети критериумите за пријавување на епидемија на морбили во Подгорица, објави Вијести.

- Тоа е втора општина во Црна Гора каде е регистрирана епидемија на морбили, откако претходно истата беше пријавена и во Будва. Сите досега регистрирани случаи во Црна Гора се лабораториски потврдени - пишува во соопштението на ИЈЗ.

Со почетокот на новата учебна година, додаваат, дополнително ќе се зголеми ризикот од натамошно ширење на морбилите.

„ИЈЗЦГ во континуитет ги повикува родителите без одлагање да ги вакцинираат децата, а невакцинираните деца да не ги испраќаат во колективи (предучилишни установи, игротеки, родилни центри, спортско-рекреативни објекти, патувања, екскурзии...) Потврда за посетување на предучилишни установи издадена од центрите за здравство сега содржат информации за статусот на вакцинација што автоматски се генерира од системот, како и прецизни совети/препораки до родителите, а кои имаат валиден телефонски број во електронската евиденција, добиле известување преку СМС“, соопштено е.

ИЈЗ соопшти дека досега се регистрирани осум случаи на морбили во Будва, пет во Подгорица, по два во Бар и Пљевља и по еден во Рожаје и Тузи.

Вакцинацијата, посочуваат, е најдобрата заштита од морбили.

Тие рекоа дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека е особено важно примањето на вакцината навреме.

„Целосна вакцинација значи примање на две дози од вакцината, при што под редовни околности првата доза треба да се даде што е можно поскоро по првата година од животот, а втората при систематски преглед пред поаѓање на училиште“, се вели во соопштението.

Се наведува дека во согласност со натамошниот развој на епидемиолошката состојба, надлежните епидемиолошки служби може да препорачаат децата да примаат втора доза од МРП вакцината најмалку еден месец по примањето на првата доза, без да чекаат систематски преглед при започнување на училиште. .

„Исто така, доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба, надлежните епидемиолошки служби може да препорачаат примање на првата доза од вакцината веќе на возраст од шест до 12 месеци“, велат од ИЈЗ.

Тие рекоа дека на лицата кои не се целосно вакцинирани, или кои немаат доказ дека заболеле од морбили, не им се препорачува да патуваат во подрачја со регистрирани случаи на болеста во земјата и странство.

Зеленски издаде налог за апсење на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Денот на независноста на Украина потпиша неколку антируски закони, вклучително и ратификување на статутот што го отвора патот за Украина да се приклучи на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Ратификацијата на Украина на Римскиот статут ги зголемува шансите Русија да биде кривично гонета за воени злосторства од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, соопшти кабинетот на украинскиот претседател, додека Киев одбележува 33 години независност од Советскиот Сојуз, објави Индекс.

Украинските лидери сметаат дека членството во МКС е централен дел од европските аспирации на Киев. Украина во минатото ја призна јурисдикцијата на МКС, но полноправното членство во судот е клучен дел од нејзината кандидатура за пристап во Европската унија.

МКС издаде налози за апсење на руски политичари, вклучително и претседателот Владимир Путин и поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, за нивните улоги во наводните злосторства против украинските цивили. Русија ги негира наводите дека мета биле цивили.

Зеленски потпиша и закон за забрана на верски организации поврзани со Москва, објавено е на веб-страницата на парламентот.

„Денес го славиме 33-тиот Ден на независноста на Украина. И сè што непријателот донесе во нашата земја сега се врати во неговиот дом“, рече Зеленски во видеото снимено во регионот Суми, североисточната гранична област од каде Киев започна голема гранична офанзива во областа Курск во Русија.

Парламентот претходно овој месец одобри закон со кој се забрануваат активностите на верските групи поврзани со Русија. Тој создаде правни алатки за владата да забрани огранок на Православната црква со врски со Русија.

По влегувањето во сила на законот, верските заедници ќе имаат рок од девет месеци да ги прекинат врските со руските верски ентитети. Зеленски, исто така, потпиша закон со кој се гарантира правото на украинско државјанство на странците кои се борат во украинската армија против руските сили.

МОН прифати две од трите барања на УСС, за студентски оброк ќе може да аплицираат и бруцоши

Министерството за образование и наука позитивно одговорило на две од трите барања кои Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет му ги достави пред два дена. 

Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека нив ги решиле „експресно, во рок од еден ден“, а за третото е потребно извесно време.

На барањето на УСС на УКИМ да се продолжи рокот за аплицирање за студентски оброк и по 5 септември, за да може да аплицираат и студентите бруцоши односно да не мора да конкурираат за ова право еден месец подоцна, Јаневска рече дека и студентите кои годинава се запишуваат во прва година, исто така, ќе може да аплицираат до рокот утврден со повикот, 5 септември.

-Јас ги повикувам сите бруцоши кои се надеваат дека ќе стекнат статус на студенти, да го искористат овој повик и да си аплицираат. Мечирањето ние ќе го направиме на 20 септември и сите што ќе имаат статус на редовен студент, ќе си добијат студентски оброк, рече Јаневска по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.

Исполнето е и барањето на студентите за оние што завршиле три години додипломски студии да имаат право да аплицираат за стипендии за втор циклус студии.

-Ние тоа веднаш го решаваме и на тој начин ја укинуваме дискриминацијата која тие ја имале во однос на другите студенти, рече Јаневска.

За барањето на УСС на УКИМ да се усвои Законот за младински стандард т.е. да се поднесе предлог иницијатива за усвојување на веќе планираниот закон, министерката одговори дека на тоа ќе треба да причекаат извесен период.

-Затоа што треба да го погледнеме и ние, да го усогласиме со нив и се надевам дека во најскоро време и тоа ќе го завршиме, додаде министерката.

Во однос на субвенционираниот студентски оброк, за кој електронското аплицирање е во тек од 15 август до 5 септември, и дали ќе има покачување на дневниот износ од 140 денари од оваа академска година, Јаневска одговори дека во буџетот за следната година ќе биде предвидено зголемување на износот.

-Не можам во овој момент со сигурност да кажам колку ќе биде, но во следната година студентите секако ќе имаат покачен студентки оброк, рече Јаневска.

Во врска со ревизијата на работата на факултетите (државни и приватни), за што во фаза на формирање е посебно владино тело за кое е надлежно МОН, министерката посочи дека сите високообразовни установи ќе треба да претрпат промени во организацијата на нивната целокупна работа, вклучително и студиските програми.

Како што рече, со силни напори успеале да обезбедат средства до крајот на годинава да бидат направени неколку евалуации на високообразовни установи.

Доколку се утврди неправилно работење и ако некој факултет биде затворен, студентите што таму се запишани ќе бидат префрлени на други факултети што законски работат и не треба да стравуваат за нешто што не зависи од нив.

Со оглед дека има 134 високообразовни институции, дека Државниот просветен инспекторат не е кадровски добро екипиран и му треба зајакнување, ќе бидат формирани комисии во МОН, а со оглед и на планираните средства, целиот процес на ревизија на работата во високото образование, рече Јаневска, ќе трае од една и пол до две, а можеби и две и пол години.

-Веќе имавме средба со неколку ректори и сите со кои разговаравме се согласни дека треба да се направат реформи во високото образование. Но, тоа е процес. Не може министерот, и не треба, со декрет да носи одлуки, сепак ние треба да ја почитуваме и академската слобода. Го формираме тоа времено тело за реформи во високото образование каде што ќе учествуваат исклучително стручни лица со помош на секторите на МОН. Почнуваме со сеопфатна реформа – анализа на студиските програми, укинување на дел од нив во договор со универзитетите и факултетите, модернизирање на наставните програми..., рече Јаневска.

притисни ентер