Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ испрати издржани забелешки за законот за обвинителството

ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда испрати издржани забелешки за недостатоци на предлог текстот за законот за јавно обвинителство, преточени во трите принципи кои ги содржат документите за кои што сметаме дека мора да бидат дел од овој нов закон

Новиот закон мора да биде донесен со консензус, да биде реформски и да претставува основа за градење на правна држава.

Затоа мора да се почитува принципот на целосно имплементирање на Меѓународните стандарди кои што се однесуваат на обвинителството и обвинителите, Принципи на заштита на основните човекови права и Принцип на независност, неутралност, отчетност, ефикасност и ефективност во борбата со криминалот!

Заев и Дескоска не смее да бегаат од фактот дека ЈО треба да е во функција да ги заштитува граѓаните и да го чува правниот поредок во државата, а не да биде послушник на извршната власт. Владата не смее да замижува и да игнорира аргументирани предлози кои што ќе овозможат борба со коруптивните и криминогените дејствија на власта. Владата не смее да бега од фактот дека треба да има одговорност и почитување на човековите права, а не јавните обвинители да штитат министри и премиери и да спроведуваат чистки по политичка нарачка на власта.

Владата не смее да бега од имплементирање на 11 меѓународни акти од ОН, од препораки од европскиот совет на министри, од препораки од Венецијанската комисија. СДСМ не смее да бега од одговори за непостапување на обвинителството, ниту од формирање на тело, на посебно одделение за следење на европската регулатива и прецедентното право на Европскиот суд за човекови права. Владата не смее да бега од барањата за политичка независност на обвинителството, ниту од избор на Јавниот обвинител по предлог на опозицијата, барање кое што до вчера беше и барање на СДСМ. Тоа е решение кое ќе ја ефектуира независноста и неутралноста на Јавното Обвинителство од извршната власт.

Власта не смее да бега и од Анкетна комисија која ќе ги испита сите афери во рамките на СЈО и начинот на кој што актуелниот состав истроши десетици милиони евра. Мора да се расчисти начинот на кој што се вработуваа роднини на функционери на СДСМ во СЈО, начинот на кој што се ангажирани вештаци без лиценци или пак се исплаќале лица кои требале да го подобруваат имиџот на институцијата. Најпосле, мора да се расчисти и со начинот на кој што се обезбедувани изјави за кои сега гледаме дека се повлекуваат со образложение дека биле дадени под притисок.

Најважно од се почитувани, власта не смее да бега од истраги со кои што ќе се решат прашањата кои и денес ја мачат Република Македонија, безбројните афери за криминалните приватизации, за оставањето на улица на над 300.000 работници, за сите бонбона бизниси и испитување на стекнувањето богатства на низа транзициски политичари кои што и сега се збиени во власта.

Почитувани,

Министерството за правда имаше долго време за изработка на квалитетно законско предлог решение кое го потроши залудно. Ако власта и министерството сметаат дека консензус значи земи или остави во 5 минути, тогаш имаат погрешна перцепција за тоа како функционира демократијата и како треба да функционира правниот систем. МИА

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

Австрија домаќин на конференција посветена на системи за автономно оружје

Во Виена денеска почнува дводневна меѓународна конференција за системи за автономно оружје, јави ДПА.

Министерството за надворешни работи испрати покани за конференцијата на тема „Човештвото на крстопат: Автономни системи за оружје и предизвикот на регулативите“ откако експертските разговори под покровителство на Обединетите нации во Женева во последните 10 години не доведоа до разговори на дипломатско ниво.

На форумот се очекува да присуствуваат претставници од околу 130 земји, како и од Обединетите нации, невладини организации и истражувачки институти. Системите за оружје, кои самостојно таргетираат и ангажираат цели користејќи вештачка интелигенција, се во центарот на дискусијата, особено со оглед на конфликтите во Газа и Украина.

На дневен ред се и прашања како што се употребата на технологии за вештачка интелигенција од страна на терористите и опасностите од трка во вооружување со системи за вештачка интелигенција.

Ќе биде подготвен извештај до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за следната седница на Генералното собрание на ОН. /МИА

Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.

- Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.

Фото: Фејсбук на ЗОО Скопје

притисни ентер