Стоилковски: Обвинителството да ја истражи улогата на Филипче во „Рекет 1", „Рекет 2" и „Рекет 3"

Молчи власта за „Рекет 3" на 3 месеци пред избори. Главни ликови во „Рекет 3" се Венко Филипче и Зоран Заев.

И двајцата се единствени што се појавуваат во сите рекетарски афери во Македонија!

Од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори.

Зошто се молчи власта за „Рекет 3"?

Зошто во Штип се уште нема болница?

Зошто беше запрена градбата на болницата?

Зошто е прекинат договорот со подизведувачот?

Зошто не е активирана банкарската гаранција на изведувачот?

Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?

Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?

Почитувани,

Името на Филипче е единственото покрај Заев што се споменува и во „Рекет 1" и во „Рекет 2" и во „Рекет 3".

Обвинителството мора сериозно да ја истражи аферата но и да ја преиспита неговата улога во рекетите но и во сите милионски афери при неговата работа во министерството за здравство.

Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола

Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство.

„Ќе пристигне засилување... за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран.

Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени.

Како дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5.000 „бунтовници“, соопштија француските власти.

Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг.

Немирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори.

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“

Стопанската комора на Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти - темели за просперитетна иднина на Македонија“. 

По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

притисни ентер