Стоилковски: Додека Заев зборува за економски раст, Пендаровски повикува на масовно иселување

Доколку не бил претседател ќе заминел од државата - ова е изјава на Претседател на држава.

Ова е изјава со која се демаскира сета лага која што двоецот Заев и Пендаровски ја продаваа минатите години, само и само да се дограбат и задржат на власт!

Додека уверуваат дека семејства можат да живеат со 17 илјади денари, Пендаровски вели не би останал ниту за 100 евра повеќе, би заминал и од просечна плата од 24 илјади.

Додека Заев зборува за економски раст, вложувања во човечки капитал, Пендаровски повикува на масовно иселување поголемо од она што се случува на истокот.

Додека владата лаже дека „блескаме“, оној што е на функција претседател, оценува дека состојбата е неиздржлива до бегање од неа.

ЌЕ враќале од администрацијата во приватниот сектор, а Стево Пендаровски порачува да се борат само и само за работа во администрација.

Никој ја нема понижено државата повеќе од двоецот Заев-Пендаровски. Второто лице на Заев, Стево Пендаровски, вчера буквално им порача на граѓаните- ниту живот ќе видите, ниту работа ќе видите, ниту 500 евра плата ќе ве спасат, ниту младите ќе се вратат. Ниту има повисоки пензии, ниту повисоки плати! Јасно е дека ниту плати растат, ниту пензии растат, ниту има вработување, ниту има инвестиции. Се е сведено на распродажба на корупција и на криминално разграбување. Се од нив е лага, се од нив е измама.

И ова не е изненадување, оваа изјава на Стево Пендаровски е продолжеток на изјавите дека „Чуму ти е идентитет, ако немаш пари“. Пендаровски можеби би избегал, ама постојано е функционер.

Стево Пендаровски, во моментов на функција претседател на држава, ја понижи државата и ги понижи сите оние кои гласале за него.

Командантот на воените сили вчера порача дека би избегал од државата.

Почитувани ниту едно ветување, ниту верба може било кој да има во Зоран Заев, после оваа изјавана Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски потврдува дека власта е криминална, дека корупцијата, рекетот цвета, дека правниот систем не функционира, дека Македонија со Заев тоне.

И ваквите пораки не се случајни. Ваквите пораки се само во функција на изборите. Во функција на обесхрабрување, на деморализирање, во функција на заплашување на граѓаните.

Вие, граѓаните, народот, да загубат волја за изборите, да загубат желба за борба за подобро утре, да изгубат интерес за Обновата која што доаѓа.

На оваа смислена девастација на државата и се гледа крајот. Зоран Заев заминува за 39 денови! Оваа девастирачка антидржавна политика заедно ќе ја испратиме на црните страници во историјата на 12ти април. Започнува Обновата, доаѓаат правото и правдата, доаѓаат денови за храбра борба кон подобра иднина.

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

Во голема полициска акција во Албанија запленет имот вреден над 4,5 милиони евра

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

- Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага./МИА

притисни ентер