Стерјовски: Областите каде што живеат Македонците се најсиромашни, Владата мора да инвестира

Пратеникот од единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, Васил Стерјовски, на денешната седница на албанскиот парламент побара од Владата да инвестира во областите каде што живеат Македонците.

-Во име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција ја повикувам Владата и локалните власти да инвестираат и да ги подобрат условите за живот и работа во областите каде живее македонската заедница. Овие области се најсиромашни области во нашата земја, запоставени од сите влади во последните 30 години, без потребната патна инфраструктура, водоснабдување, канализација, здравствена услуга, електрична енергија и друго, рече Стерјовски.

Додаде дека пандемијата со ковид-19, како впрочем и на целата територија на Албанија, многу ги погодила областите каде што живее македонската заедница.

Според него, поголемиот дел од македонската заедница особено во руралните средини, областите Преспа, Гора, Голо Брдо и селото Врбник во областа Девол „преживуваат благодарение на емиграцијата во Македонија и во Грција".

-Стапката на невработеност во овие области пред пандемијата со коронавирусот беше повисока од просечната стапка на невработеност во нашата земја. Затворањето на границите го отежнa животот за македонската заедница. Македонците што живеат во пограничните области со Македонија со нетрпение ја чекаат одлуката на Владата на Македонија да ја отвори границата, како што тоа го стори Владата на Албанија на први јуни, за да работaт како сезонски работници во Македонија, посочи тој.

Секако, констатираше Стерјовски, отворањето на границата од страна на С. Македонија ќе ја зголеми и економската соработка, трговијата и туризмот помеѓу двете земји.

Во својата дискусија тој ја поддржа Владата на премиерот Еди Рама за издавање еврообрзница.

-Нашата економија за кратко време силно беше погодена, најпрво од земјотресот на 26 ноември 2019 година, а сега и од пандемијата. Издавањето на еврообврзницата во висина до 650 милиони евра треба да послужи да се намалат ефектите од овие појави и за закрепнување на домашната економија, рече Стерјовски.

Тој, од свое име, во име на МАЕИ чиј претседател е и во име на сите Македонци, искажа голема благодарност до здравствените работници, припадниците на полицијата и армијата за „нивната пожртвуваност да им помогнат на граѓаните да се справат со Ковид – 19"./МИА

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

Тен Хаг: Никој во Манчестер јунајтед освен Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше

Тренерот Ерик тен Хаг одговори на споредбата што ја направи Жозе Мурињо за нивната работа во Манчестер јунајтед.

- Освен Мурињо, ниту еден тренер не ги доби играчите што ги сакаше, што ни требаа. Уверен сум дека ќе ги постигнеме нашите цели, но конкуренцијата е голема. Има седум или осум екипи во Премиер лигата кои имаат многу добри состави и во иднина ќе се борат за титулата. Значи, за да ја освоите титулата, треба да создадете навистина квалитетен тим, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед во интервју за „ESPN“.

Претходно Жозе Мурињо правејќи споредба со Тен Хаг за работата во Манчестер јунајтед, рече дека ја немал поддршката што ја ужива Тен Хаг.

-Немав такво ниво на поддршка. Немав такво ниво на доверба. Во тимот имаше од претходно неколку играчи што не ги сакав пред, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак беше тренер на клубот од мај 2016 до декември 2018 година.

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари.

притисни ентер