Стејт департмент: САД и Кина имаат заеднички интереси во политиката кон Северна Кореја

 Стејт департментот соопшти дека интересите на Вашингтон и на Пекинг околу прашањето за Северна Кореја во голем степен се совпаѓаат.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс истакна дека „американската администрација е убедена оти интересите на САД и Кина во однос на нуклеарните и ракетните програми на Северна Кореја барем делумно се совпаѓаат".

– Севернокорејската политика е една од областите, во кои нашите интереси се заеднички, барем делумно. Затоа веруваме дека има простор за дискусија со Кина кога станува збор за предизвиците поставени од нуклеарните и ракетните програми и други заканувачки активности од страна на Пјонгјанг, изјави Прајс

Според него, ова е причината зошто Вашингтон го информирал Пекинг за резултатите од преразгледувањето на својата политика кон Пјонгјанг, поради што САД „во различни формати" комуницирале со Кина за решавање на ситуацијата околу Северна Кореја.

Како што потсети Прајс, американскиот заменик државен секретар Венди Шерман викендов ќе го посети Пекинг.

– Очекувам дека за комплетноста на односите меѓу САД и Кина, вклучително и областите на соработка и несогласувања, ќе се дискутира на претстојните разговори спроведени од Шерман, нагласи портпоралот на Стејт департментот.

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

притисни ентер