Стефаноска: Со иновативни решенија туризмот може да стане двигател на одржлив развој

Туристичкиот развој треба да го следи и економски раст, но потребни се вложувања и нова Стратегија за туризам, која ќе го трасира патот за туризмот да биде фактор во македонското стопанство. 

Туристичката индустрија е динамична и повеќеслојна, бара работна сила опремена со современи вештини и приспособливо знаење. Вложувања и инвестиции во туризмот се потребни, доколку сакаме туристичката индустрија да има значаен удел во БДП-то како стопанска гранка.

Сумираните туристички резултати оваа година покажуваат континуираност во растот на туризмот во земјава. Во топ 10 земји по туристички посети Турција се истакнува со 262404 посети за десет месеци од 2024г, по што следуваат Србија, Германија, Грција, Бугарија, Холандија Полска, Романија, САД и Хрватска. Вкупниот девизен прилив од туризмот во БДПто на земјава во првите три квартала е со раст од 3% споредбено со истиот период 2023г. Се забележува и раст на бројот на странски туристи од 15%, следено со 10% раст и на остварените ноќевања.

“Развојот на туризмот треба да биде наша стратешка цел, особено во насока на нови инвестиции и технолошки развој, како фактори за кои ќе се бараат неодложни промени. Растот може да биде дел од развојот, но самиот по себе не гарантира одржлив или инклузивен развој. На пример, растот на бројот на туристи без стратегија за управување може да доведе до негативни последици за животната средина или локалната заедница. Развојот на туризмот подразбира поширок и подолгорочен пристап, кој вклучува економски, социјални и еколошки аспекти. За градењето на отпорност во туристичкиот сектор за нас од особено значење има туризмот да стане приоритетна економска гранка во која пред се ќе мора да се обезбедат одржливи финансиски инвестиции, особено во патната инфраструктура. Големо е и значењето на инвестициите во туристичките капацитети, со што би се извршила диверзификација на туристичката понуда, а со самото тоа и диверзификација на економскиот раст и развој на нашата земја во целина. Успехот во туризмот лежи во иновативниот став што го користат засегнатите страни, како и во издржливоста што ја покажуваат дестинациите и компаниите подеднакво во моменти на неизвесност”, потенцира Стефаноска.

Во изминатиов период од назначување на директорската позиција Стефаноска оствари повеќе од осумдесет состаноци и имаше можност одблиску да се запознае со предизвиците со кои се соочува туристичкиот сектор, и заедно со засегнатите страни да ги идентификува областите за подобрување и развој на активности кои се консолидирани во предлог Програмата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

“Предлог програмата на АППТ за 2025г вклучува посеопфатна туристичка промоција преку учество на светските саеми за туризам, регионален туристички развој и збогатување на понудата, со цел Македонија да биде конкурентна туристичка дестинација, која располага со атрактивни и уникатни ресурси кои треба да се стават во активна функција на туризмот. Создавање на конкурентна туристичка понуда надополнета со иновативни и креативни маркетинг активности ќе придонесе за квалитативен раст на туризмот”, истакнува Стефаноска.

Стефаноска испраќа порака дека во фокусот на планирани активности во наредниве неколку години треба да биде развојот на туризмот и имплементацијата на одржливи практики и политики, кои во целина имаат клучна улога и значително влијание врз рамномерниот регионален развој, дисперзијата на економскиот раст и подобрувањето на целокупната економска слика на нашата земја. Но за нас клучно е да се создаде Национална стратегија за развој на туризмот со посебен фокус на алтернативните форми на туризам, а воедно и да се подобрат инвестициите во инфраструктурата, особено во руралниот дел на нашата земја што треба да биде основа за идниот развој.

“Во туризмот влегувам со желба, волја и силна мотивираност за работа, со цел создавање на конкурентна туристичка дестинација. Ова е и одлична прилика да истакнам дека последните години туризмот во нашата земја бележи позитивен тренд со раст на туристичкиот промет, но растот, не значи и развој. Земјава ќе мора да инвестира и посветено да работи за да се етаблира како дестинација со уникатен туристички бренд, што е од круцијално значење, но и основа за туристичка промоција. Препознатлива и одржлива дестинација со јасна туристичка цел е добра појдовна точка за да ги проектираме насоките и активностите кои треба да се превземат со цел дефинирање на следните чекори кон каде треба да се движиме и што треба да создаваме и на која ќе се фокусираат активностите на Агенцијата за туризам”, децидна е Стефаноска.

Предизвиците со кои се соочува туристичкиот сектор се во чекор со светските трендови, но за нивна реализација потребна е координираност и консолидација на сите чинители во туристичко-угостителската индустрија. Соработката на Агенцијата за туризам со приватниот сектор е од круцијално значење за развојот на туризмот кој е стратешка цел, особено во насока на развој на одржливи туристички дестинации, развој на локални и регионални брендови и промоција на одговорно патување. Кога сите работиме заедно и ги искористуваме новите технологии, создадоваме понуда која не само што ги задоволува современите потреби на туристите, туку и го зајакнува економскиот раст, ја штити природата и ја развива локалната заедница.

Македонија има голем туристички потенцијал, но трендовите во туризмот се динамични, па така мора да се размислува за нови алтернативни форми на туризмот. Одржливиот туризам е нашата иднина и нашиот следен чекор во развојот на дестинациите, бидејќи има неверојатни придобивки за животната средина, општеството и локалните заедници. Развојот на алтернативните форми на туризам директно ќе влијае на зголемување на девизниот прилив, јакнење на малите и средните претпријатија кои работат во областа на туризмот, намалување на невработеноста како и подобрување на севкупната економска состојба во земјата. Одговорните туристички практики имаат за цел да ги минимизираат негативните влијанија врз животната средина, културата и локалните заедници додека ги максимизираат придобивките. Одржливиот туризам може да поттикне создавање работни места преку промовирање на еколошки, социјално и културно одговорни практики. Со фокусирање на безбедноста, автентичноста, одржливоста и персонализацијата, дестинациите можат да ја подобрат својата репутација и да привлечат посетители и за авантуристички и за културен туризам. Нашето културно наследство и претставуваа интегрален дел на нашиот стратешки развој за одржлив туризам како голема предност за Македонија, така и за регионот.

Агенцијата за туризам во 2025г ќе го реализира проектот „Означување на културни добра“, со поставување на информативни табли ќе бидат означени локалитетите Скупи, Аквадукт и Говрлево, со цел збогатување на туристичката понуда со културолошки вредности. Ќе се реализира и првата фаза на проектот „Поставување на туристички информативни знаци“. Со овој проект се означуваат со туристички патокази и знаци, така наречени кафени ознаки, неколку туристички атракции на потезите на главните коридори 10 и 8, но и на потегот на новиот автопат Скопје – Штип, како и на новиот експресен пат Штип- Радовиш до Струмица, со цел поголема информираност на потенцијалните домашни и странски патници по овие патни правци.

Туризмот во Македонија има потреба од инфраструктурни инвестиции, системска реорганизација и стратешки приоритети за негов развој. Новите патувачи имаат нови потреби, светот се менува, а со тоа се менуваат и навиките и потребите на туристите. Развојот на одржлив туризам, сертификација на зелени дестинации, едукација на локалните заедници за долгорочен локален развој и економски бенефит. Во таа насока и иднината на македонскиот туризам е развојот на културниот туризам, транзитниот туризам, еко-туризмот и промоција на одржливото и одговорното патување, како и заштита на животната средина и културното наследство.

Руските медиуми објавија дека Асад бил отруен: Силно кашла и се задушува

Соборениот сириски диктатор Башар ал Асад наводно бил отруен во Русија, а руските медиуми тврдат дека труењето изгледало како обид за атентат врз него.

Асад и неговото семејство побегнале во Русија и наводно се во Москва откако бунтовниците ја презеле контролата врз Сирија. Кремљ тогаш нагласи дека Путин лично ја донел одлуката за евакуација на Асад.

Во текот на викендот во различни руски медиуми се појавија информации дека Асад бил отруен. Според каналот General SVR Telegram, кој наводно го води една од поранешните највисоки руски разузнавачки агенции, Асад почнал да се чувствува лошо во неделата и рекол дека има тешкотии со дишењето. Како што се дознава, поранешниот сириски диктатор повикал лекарска помош, по што неговата здравствена состојба наводно дополнително се влошила.

„Речиси веднаш по повикот за медицинска помош, тој почна силно да кашла и да се гуши“, напишал генералот СВР. „На Асад му беше дадена вода, што малку го ублажи нападот, но нормалното дишење сè уште не е воспоставено, а како нови симптоми доби главоболка и стомачни болки. До доаѓањето на медицинскиот тим, состојбата на поранешниот сириски претседател се влоши. “, се вели.

Наводно, претставниците на Кремљ веднаш биле информирани за ситуацијата и била издадена наредба Асад да се лекува дома, а не во која било медицинска установа, меѓутоа, според генералот СВР, до понеделник неговата здравствена состојба била стабилна и наводно се чувствувал подобро.

Сепак, примероците од крв земени од Асад наводно покажале „траги од изложеност на токсична супстанција во неговото тело“.

„Како што е наведено во извештајот испратен до помошникот на рускиот претседател Николај Патрушев, истрагата е во тек, но сè уште не е можно да се утврди како Башар ал Асад бил изложен на отровот“, објави СВР.

Трамп и Меланија танцуваат со Маск на дочекот во Флорида (ВИДЕО)

Доналд и Меланија Трамп ја прославија новогодишната ноќ на неговиот имот во клубот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Со нив на маса седел и Илон Маск.

Друштвото се забавуваше со голем број хитови, а видеата од Доналд, Меланија и Илон како танцуваат на хитот на YMCA Village People станаа вирални на социјалните мрежи.

Под видеото има коментари за танцот на Меланија. „Таа навистина знае да танцува“, „Никогаш не очекував дека Меланија некогаш ќе танцува со ИМКА“, „Конечно изгледа како да ѝ е удобно“, „Сакам што конечно се смее и се забавува“, се дел од коментарите на X .

Видеото од друг агол објави и најстариот син на Доналд, Доналд Трамп Џуниор и на сите им ја честиташе Новата година. Илон пристигна на забавата со својот четиригодишен син X AE A-XII.

Во еден момент на сцената излезе снаата на Трамп и испеа неколку песни, меѓу кои и I Won't Back Down од Том Пети и Heartbreakers.

МНР изрази сочувство за жртвите во масакрот во Црна Гора: Нашите мисли се со вас

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.

-Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас, стои во објавата на МНРНТ на социјалната мрежа Х.

Во Црна Гора, денеска е првиот ден од тридневната жалост по убиството на најмалку 12 лица во Цетиње на првиот ден од 2025 година.

Осомничениот за ова повеќекратно убиство и ранување на најмалку четири лица Ацо Мартиновиќ се самоуби. Тој почина при транспортот кон болница.

Здравствената состојба на тројца ранети во пукањето во Цетиње е стабилна, но нивните животи се уште се во животна опасност, додека четвртиот е во критична состојба, соопштија утрово лекари од Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица (КЦЦГ), каде што на повредените им е укажана помош.

притисни ентер