Ставете лист од оваа билка под перница, еве што ќе се случи!

Чајот од оваа билка некогаш се користел за смирување, а при проблеми со варењето.

Ловоровиот лист, освен што се користи како состојка при готвење поради неговиот препознатлив вкус, има и неверојатни моќи кои биле познати на различни култури уште од античко време. Според преданието, ако ставите ловоров лист под перница пред спиење, тоа може значително да влијае на вашите соништа.

Се верува дека овој зачин може да им помогне на луѓето да најдат решенија за своите грижи и проблеми за време на спиењето и дека ќе се разбудат подготвени да ги спроведат во дело. Покрај тоа, постои верување дека ако ставите три суви лисја од оваа билка во паричникот, можете да очекувате финансиско чудо. Овие магични моќи на ловоровиот лист се дел од народната традиција и претставуваат интересен и необичен аспект на неговата примена.

Ловоровиот лист има бројни придобивки кои придонесуваат за подобар сон и воопшто за здравјето. Покрај тоа што помага при проблеми со варењето и има антибактериски својства, чајот од ловоров лист може да помогне во намалување на крвниот притисок, ублажување на напнатоста и намалување на нивото на нервоза и стрес, овозможувајќи подобар сон.

Исто така, овој зачин може да ја ублажи болката кај предменструалниот синдром и да придонесе за помирен сон на жените во репродуктивниот период. Овие придобивки од ловоровиот лист го прават корисна состојка не само во кујната, туку и како природен лек за разни здравствени заболувања.

Доколку сакате да ги искористите придобивките од ловоровиот лист за подобар сон и релаксација, пред спиење можете да ставите неколку листови од овој зачин во собата или под перницата за да го вдишете неговиот мирис додека спиете. Ова може да ви помогне да се опуштите и полесно да заспиете, и да имате поквалитетен сон.

Добриот сон е од суштинско значење за нашето здравје и благосостојба, а со користење на природните методи, како ловоровиот лист, можеме да го подобриме сонот и да го намалиме нивото на стрес, а со тоа да придонесеме во севкупниот квалитет на животот. Имајќи ги предвид сите овие придобивки, вреди да се обидете да ставите ловоров лист под перницата за да го подобрите спиењето и да одморите во текот на ноќта.

Фото: Атрактивна тенисерка полугола на насловната страница на „Вог“

Украинската тенисерка Марта Костјук се најде во центарот на вниманието на јавноста пред почетокот на Вимблдон, но не со игра или победа на теренот, туку со провокативна фотка во познат магазин.

22 годишната Марта полугола заврши на насловната страница на магазинот „Вог“.Што секако е мголемо и неочекувано изненадување од 18 тенисерка на светската ВТА листа.

Марта позирала со голи гради, но истите ги покрила со рацете за да не ја премине границата на пристојноста.

Долу носи бело најлонско здолниште-шорцеви.

Во вакво издание атрактивната Марта било планирано да се најави Олимписките игри,но сепак тоа е променето.

Инаку младата Украинка уште од детството е голем фан на Новак Ѓоковиќ.

Како девојченце Марта сакала да се омажи за Новак Ѓоковиќ.

- Сакав да се омажам за него кога бев мала, но престанав да размислувам за тоа кога наполнив 13 години. Нема шанси! Разликата во години е преголема – се пошегува еднаш, кога се присетила на детските фантазии, атрактивната Марта.

Фото: Српска пејачка во секси бикини!!!

Младата и атрактивна српска пејачка Теодора Џехверовиќ позираше во едноделен танга костим за капење си интересно деколте од ленти..

На фотките во преден план се силиконски гради и бујниот задник на популарната Џехва, што со воодушевување е прифатено од нејзините фанови.

Инаку, Теодора во моментов е на одмор со новото момче, пренесуваат српските медиуми.

Теодора Џехверовиќ откако неодамна го објави својот албум истакна дека сака да се оствари во улогата на сопруга и мајка.

Меланшон: Макрон мора да го признае поразот

Лидерот на левичарската коалиција Нов народен фронт, Жан-Лук Меланшон, кој води на парламентарните избори во Франција, вечерва изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да го признае поразот.

- Макрон мора да го признае поразот. Тој има должност да ја повика нашата коалиција да формира влада, рече Меланшон.

Тој посочи дека „поразот на Макрон дефинитивно е потврден“, додавајќи дека премиерот на Франција, Габриел Атал мора да ја напушти функцијата, пренесува Фигаро.

Според анкета на ИФОП по затворањето на гласачките места во Франција, на прво место е левичарската коалиција Нов народен фронт, која би можела да освои меѓу 180 и 215 места во парламентот.

Центристичката коалиција предводена од претседателот Емануел Макрон би можела да освои меѓу 150 и 180 места.

Крајно десничарската коалиција Национален собир на Марин Ле Пен е на последното место со очекувани 120-150 места, според анкетата на ИФОП.

Според Би-Би-Си, и сите големи ТВ канали проектираат победа на левичарскиот сојуз, а не на Националниот собир на Марин Ле Пен и Џордан Бардела.

Исти резултати објави и француската државна телевизија.

притисни ентер