Старото градско јадро на Кратово ќе се промовира во културно наследство од особено значење

Пет дуќани во Ајдучка чаршија во старото градско јадро на Кратово добија обновени фасади и автентичен изглед преку проектот на Министерството за култура за обнова на стара градска архитектура. Реаставрацијата ја извршија стручни екипи од Националниот конзерваторски центар, по претходна темелна реконструкција и санација на објектите.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посети дуќаните кои наскоро ќе бидат во функција, а еден од нив ќе биде сувенирница. Рече дека и за корисниците е од големо значење што добиле простори целосно надворешно и внатрешно уредени и дека со проектот идната година ќе бидат обновени и други објекти со амбиентална градба. Исто така ќе продолжи заштитата на кулите и мостовите по кои Кратово е препознатлив град, ќе се истражуваат и тунелите, а во трета фаза е и реставрација и конзервација на фрескоживописот на црквата „Св. Јован Крстител“ која Канческа-Милевска, исто така, ја посети при денешната посета на градот.

Таа информираше и дека е изработен закон за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење.

- За овој град се направени заштитно-конзерваторските основи, Министерството за култура го изработи законот кој ќе се однесува на старото градско јадро како споменична целина од особено значење. Законот е во процедура во Владата и очекувам дека до крајот на јули ќе помине и во Собрание. Со новиот закон Кратово ќе се промовира во културно наследство од особено значење. Потоа произлегуваат построги режими, бидејќи општината ќе треба да изготви детален урбанистички план, геодетско ажурирање на целиот простор и менаџмент-план за управување со градот за негова културна и туристичка промоција, истакна министерката за култура.

Во соработка со општината ќе се истражуваат подземните ходници (тунели) во градот, кои во минатото веројатно служеле за заштита и евакуација на населението од различни опасности. Тие биле поврзани со кулите во градот, од кои денеска се сочувани пет цели (Симиќева кула, Златкова, Саат-кула, Крстева и Емин-бегова) и една кула до половина (Хаџикостова). Канческа-Милевска посочи дека за истражување на тунелите ќе им треба помош од општината затоа што повеќето од шесте познати влезови во тунелите се на приватни имоти.

Владата и Министетството се навистина заинтересирани за инвестирање во тунелите во Кратово, кои се карактеристични за градот, но тука ни треба голема логистичка поддршка од општината. На денешната средба со градоначалникот договаравме динамика за тунелите и за период од десет дена тој ќе формира посебен тим за тунелите и да ги информираме корисниците на просторот дека целта е сите тунели да се отворат и да се стават во туристичка промоција, истакна Канческа-Милевска.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) Виктор Лилчиќ додаде дека тунелите се атракција за Кратово, зашто во Македонија нив ги има на малку места и познати се само тие под Исарот во Штип и Балтепе во Тетово.

- Овие се уникатни и, според извештајот што го изработи екипата на УЗКН, шест влезови се евидентирани, а дознавме дека има повеќе такви. Досега знаеме дека се оформени во отоманскиот период, 18-19 век, а можеби и порано кога се градени кулите. Тунелите тргнувале од кулите и воделе низ камен терен од повеќе стотици метри во правец на коритото на Кратовска Река. Проблем е што тунелите се во приватна сопственост, а само еден влез е во државна сопственост, рече Лилчиќ.

Бидејќи досега не е најден отвор на тунел кој тргнува од некоја кула, во август-септември, рече Лилчиќ, ќе почне археолошко истражување на внатрешноста на некои од кулите.

- За да се открие барем еден или два влеза и да видиме колку можеме да ги пробиеме. Имаме податоци дека еден тунел водел и 200 метри и во него влегувале луѓе. Тоа е импресивно, Тунелите што се отворени се мали коридори, правоаголни во профил, издлабени во жива карпа, рече Лилчиќ.

Во Кратово е во тек и реставрација и конзервација на фреските во црквата „Св. Јован Крстител“. Фреските кои датираат од 19 век, во 1921 година биле покриени со варов малтер и лак, а дел од нив со нов слој на живопис. Сега се работи на чистење на слоевите и откривање на првобитните фрески. Според ктиторскиот натпис, црквата датира од 1836 година, но се претпоставува дека е постара.

Градоначалникот на Кратово Мите Андоновски соопшти дека градот во последно време го посетуваат голем број домашни и странски туристи. Се заблагодари за поддршката од Министерството за култура на нивни проекти, како новиот мултимедијален центар кој беше отворен лани и настаните во рамки на „Топол културен бран“./МИА.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер