Старлета оди на операција веднаш по породувањето: Сакам да си ја вратам старата фигура (ФОТО)

Старлетата Амбер Роуз сака да има фигура како пред бременоста и затоа е решена да оди на операција за отстранување на маснотиите.

36-годишната манекенка го роди Слеш Електрик Александер Едвардс, своето второ дете на 10 октомври, а веќе оди на липосукција на целото тело.

„Ќе го исчистам целото тело по породувањето. Хирургот ќе си го исчисти целиот стомак од маснотии“, рече таа во видеото што го сподели со своите фанови непосредно пред операцијата.

Таа покажа и на вилицата и рече дека ќе ја намали , иако била наследна карактеристика во нејзиното семејство, па хирургот ќе ја „поправи“ . Роуз призна дека е возбудена од интервенцијата и потоа испрати бакнеж на збогум на своите фанови.

„Посакајте ми среќа, бај,“ додаде таа на крајот од видеото.

Иако повеќето обожаватели беа „воодушевени од нејзината искреност“, имаше и такви кои ја исмеваа.

„Не можеш да почекаш? Се породи пред шест недели “, коментира еден.„Можевте да се обидете да ги тргнете мастите од бременоста со вежбање“, ја советува друг фан.

Роуз го доби првиот син, шестгодишниот Себастијан Тејлор, додека беше во брак со Виз Калифа, а Слеш Електрик Александер е плод на љубовна врска со Александер Едвардс.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

притисни ентер