Станојковски и Николов државни прваци во пинг-понг

Кристијан Станојковски од клубот Крива Паланка и Амелија Николов - ППК Шампион Фа се најуспешните пинг-понгари на Државното првенство за сениори и сениорки одржано викендот во „Јане Сандански“ во Скопје.

Иако ланските победници ги одбранија титулите имаше и неколку изненадувања на турнирот. Кај женските малата Моника Стајковска од Берово со само 14 години успеа да влезе во финалето во поединечна конкуренција и го освои второто место. Додека кај машките изненади Венко Стојанов од Радовиш кој како 22-ро рангиран успеа да стигне до третото место.

Резултати во поединечна конкуренција:

Машки:

1. Кристијан Станојковски - ППК Крива Паланка

2. Филип Младеновски - ППК Шампион Фа

3. Лука Стојчев - ППК Младост

3. Венко Стојанов - ППК Радовиш

Женски:

1. Амелија Николов - ППК Шампион Фа

2. Моника Стајковска - ППК Зегин Берово

3. Сара Стојановска - ППК 10 60 АС Ѓорче Петров

3. Софија Хасану - ППК Младост

Резултати од Микс двојки:

1. Филип Младеновски и Амелија Николов - ППК Шампион Фа

2. Кристијан Станојковски и Ана Стојановска - ППК Крива Паланка

3. Нико Доага и Софија Хасану - ППК Младост

3. Даниел Главевски - ППК Пелагонија и Фани Јованоска - ППК Зегин Берово

Резултати од машки двојки:

1. Кристијан Станојковски и Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка

2. Лука Стојчев и Дамјан Стојчев - ППК Младост

3. Димитрие Жоговски и Роберт Михајловски - ППК Телеком Нец 2

3. Александар Кралев и Филип Младеновски - ППК Шампион Фа

Резултати од женски двојки:

1. Ана Стојановска - ППК Крива Паланка и Амелија Николов ППК Шампион Фа

2. Фани Јованоска - ППК Зегин Берово и Сара А. Стојановска - ППК Крива Паланка

3. Софија Хасану и Емилија Марковска - ППК Младост

3. Сара С. Стојановска - ППК 10 60 АС Ѓорче Петров и Васе Богоевска - ППК Младост 96.

Видео: Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА.Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето.

Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната.

Според Синхуа, работата на спасувачите сега е главно завршена. За време на торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од над 20 метри во секунда.

Пред само една недела, Гуангжу и околната провинција Гуангдонг беа погодени од пороен дожд, при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 100.000 жители беа евакуирани.

Гуангжу има население од над 18 милиони луѓе. Главниот град на провинцијата Гуангдонг е еден од најважните економски центри во Кина.

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб.

Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление на тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра, а и ние. Имаше два дена кога не чувствуваше никаква болка, но тоа повторно се врати вчера“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го истегна зглобот на натпреварот со Ајнтрахт, додека Де Лихт има повреда на лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат дополнителните тестови“, додаде Тухел.

Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење

Вкупно 142 мерки, меѓу кои  52 за непочитување на брзината на движење се изречени во контролите на сообраќајот што вчера ги спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје.

Како што информира МВР, при тоа се изречени и 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест за користење мобилен телефон при возење, шест за управување под дејство на алкохол,...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, какао што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

притисни ентер