Сталоне влегува во тимот на Доналд Трамп

Славниот „Роки“ популарниот актер Силвестер Сталоне за медиумите изјавил дека се чувствува „гордо“ по шпекулациите дека новиот претседател на САД, Доналд Трамп ќе му понуди висока позиција во „Националната фондација за уметност“ , влијателна федерална установа во САД.

Оваа информација неделава ја објавија неколку американски медиуми, поради тоа Сталоне дури дал и изјава во која вели „дека бил неверојатно горд со сугестијата да биде вклучен во Националната фондација за уметност“ пренесува ББЦ. Но популарниот актер додале и дека пред се себеси се гледа во една друга улога:

-Мислам дека би бил многу поефикасен во работата во која би го свртел вниманието на јавноста на воените ветерани и нивната потрага по добро вработување, прикладено сместување и финансиска помош која хероите ја заслужуваат, наведува 71 годишниот Сталоне.

За својот иден претседател и потенцијален шеф Трамп, Сталоне во интервју за „Вариети“ изјави:

- Го сакам Доналд Трамп . Тој е како големите ликови од делата на Дикенс!!.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер