ССМ: Постои реална потреба од зголемување на минималната плата

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 проценти од просечната плата во државата.

– Врз основа на членот 4, став 2 од Законот за минимална плата, висината на минималната плата во бруто износ започнувајќи од април 2020 година изнесува 21.776 денари односно минималната плата во нето износ ќе изнесува 14.934 денари што претставува зголемување за 435 денари од износот на минималната плата која моментално изнесува 14.500 денари, велат од ССМ.

Оттаму апелираат до работодавачите да го следат растот на минималната плата и ова зголемување на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците што, според ССМ, лесно може да се случи преку почитување на колективните договори.

ДИК: Прегласување ќе има на 7 избирачки места, гласањето ќе биде во среда на 22 мај

Изборите сепак не се завршени. Во игра се уште два мандати, по еден во 5-тата и 6-тата изборна единица, кои првично го доби ДУИ, но по прегласувањето може да ги изгуби.

По синоќешната одлука на Управниот суд да ги отфрли сите жалби на Европскиот фронт, ДИК на седница на која не пресуствуваше потпретседателката претставник на ДУИ, Дитмире Шеху, едногласно ја донесе одлучи во среда да се гласа на едно избирачко место во селото Ларце, Желино кое е дел од шестата изборна единица, како и во шест изборачки места во Крушево, Долнени, Струга и Охрид, кои се во рамките на 5-тата изборна единица.. .

ДИК – прегласување за Парламентарни избори 2024

Изборна единица 5 Изборна единица 6

Крушево – избирачки места 1194 и 1202 с. Ларце - Желино - 2101

Долнени – избирачки места 1470 и 1470/1

Струга – избирачко место 1884

Охрид – избирачко место 1272

ДУИ во 6-тата изборна единица освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш Вреди ќе добие уште еден мандат и ќе се изедначат со по 8 пратеници. Во петката пак, ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца. Но по прегласувањето има три опции, може да се случи ДУИ да го задржат пратеничкиот мандат, но и да го добијат или СДСМ или ВМРО ДПМНЕ.

Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна

Тој засега нема да биде префрлен во Братислава, соопштија словачки министри.

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави словачката министерката за здравство Зузана Долинкова.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина испука во него неколку истрели од пиштол.

Долинкова објасни дека вчерашната двочасовна операција за отстранување на мртвото ткиво од повеќекратните прострелни рани, која ги зголемила надежите за негово закрепнување, „придонела за позитивната прогноза“ за Фичо.

Словачкиот вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак им изјави на новинарите пред болницата каде се лекува Фицо дека неговиот трансфер во главниот град Братислава од малиот град во областа, каде што беше застрелан пет пати нема да се случи во следните неколку дена.

Според вицепремиерот, не било потребно официјално преземање на функциите на Фицо и има одредена комуникација со него.

Напаѓачот денеска за прв пат се појави во судницата во Пезинок, гратче недалеку од главниот град Братислава. Судската зграда ја обезбедуваше маскирани полицајци вооружени со пушки./МИА

Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти

 Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг е „Винскиот музеј низ артефактите“. Всушност, на лице место уметниците сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои ја следат нивната активност, имаат можност да дегустираст вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организиравме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста „Роднокрајци“, чии претставници творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Весела Честоева, директор на Вински музеј за регион „Тиквеш“, со седиште во Кавадарци.

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа. /МИА

притисни ентер