Средношколци учеа програмирање на ФЕИТ

 Шеесетина ученици од девет средни училишта се запознаа со основите на програмирањето преку иницијативата „Hour of Code", што вчера се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Средношколците, заедно со студентите на Факултетот, на овој меѓународен и традиционален настан разменија искуства за нивните интереси, желби и можни идни насоки за студирање на областите од компјутерското инженерство.

Иницијативата за организација на настанот потекнува од студентите и од наставниот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство за да се доближи програмирањето до младите генерации од сите возрасти. Настанот е дел од иницијативата „Hour of Code", организирана од компанијата code.org.

Тројца полицајци се застрелани од вооружен маж во Атланта

Тројца полицајци од Атланта се хоспитализирани со прострелни рани по судирот со осомничениот кој бил вооружен со пиштол и нож и бил убиен во пресметката, соопштија официјални лица.

Полицајците одговорија вчера во 17:15 часот на дојавата дека вооружен маж се наоѓа во комерцијална област во Атланта и се испоставило дека има пиштол и нож, изјави началникот на полицијата на Атланта, Дарин Шајрбаум за време на прес-конференција, пренесе АП.

„За време на пресметката дошло до тепачка, дошло до пукање во кое се повредени тројца наши полицајци. Тоа резултирало и со смрт на лице кое било вооружено со пиштол“, изјави Шајрбаум.

Тројцата полицајци со полициски патролни возила биле пренесени во Меморијалната болница Грејди.

Еден полицаец е застрелан во рамото, друг во ногата, а третиот се здобил со површна повреда, изјави Шајрбаум.

Според него, на двајца полицајци ќе им биде извршена операција.

Бирото за истраги во Џорџија ќе спроведе истрага за случајот, додаде тој.

Стотоци демонстранти во Тунис бараат датум за чесни избори по апсењата адвокати и новинари

Стотици демонстранти се собраа денеска во главниот град на Тунис барајќи ослободување на затворените новинари, активисти и опозиционери и одредување датум за фер претседателски избори.

Вчера туниската полиција упадна во зградата на адвокатската комора и ја уапси Соња Дахмани, адвокатка позната по нејзините жестоки критики кон претседателот Каис Сајед, објави Ројтерс.

Истиот ден беа уапсени и двајца новинари.

Опозицијата денеска повика да се обезбеди чиста политичка клима за гласање, што ќе опфати и укинување на ограничувањата на медиумските и политичките слободи.

„Денес нема клима за фер избори и нема датум... властите ги репресираат политичарите, адвокатите и новинарите“, рече Имед Хемири, висок функционер на партијата Енахда, филијалата на Фронтот на спасот, која го организирала протестот.

„Упадот на адвокатската комора вчера е опасен преседан што го одржува авторитарниот режим“, додаде тој.

Абир Муса, еден од најистакнатите кандидати, со месеци е во затвор, а Мондер Занаиди за евентуалните избори најави кандидатура од Франција, поради очекување дека ќе биде уапсен доколку се врати во Тунис.

Саџед, без да прецизира на кого се мисли, ги обвини потенцијалните кандидати дека се предавници и бараат заштита од странство.

Изборната комисија претходно најави дека изборите ќе се одржат навреме, но за време на првиот петгодишен мандат на претседателот, кој завршува, се уште не објавил датум.

Сајед ја презеде функцијата по слободните избори одржани во 2019 година, но презеде дополнителни овластувања две години подоцна кога го распушти избраниот парламент и се префрли на владеење со декрет.

Тој ја презеде власта и над судството, што опозицијата го окарактеризира како државен удар.

притисни ентер