Средби на Анѓушев со претставници од политичкиот и економскиот живот во САД и меѓународните финансиски институции

Анѓушев учествуваше на панелот „Енергетска безбедност во Источниот Медитеран".

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, изминатите два дена учествуваше на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен Медитеран „Нови стратегии – нови перспективи" која се одржува во Вашингтон во организација на Делфи форумот и весникот „Катимерини".

Вицепремиерот Анѓушев, заедно со грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Георгиадис и министерот за надворешни работи на Кипар Никос Кристодулидес, учествуваа на панелот „Енергетска безбедност во Источниот Медитеран", каде дискутираа за тековните проекти и идните предизвици во енергетскот сектор.

– Во рамките на Конференцијата вицепремиерот оствари средби со државниот секретар за трговија во Стејт Департментот, Вилбур Луис Рос, како и специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер, како и со поранешниот америакнски амбасадор во Македонија и сегашен помошник секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер, со кои разговараше за актуелните политички состојби во земјата како и за економската соработка помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, соопшти кабинетот на вицепремиерот Анѓушев.

По завршувањето на Конференцијата, тој оствари работни состаноци со потпретседателот на групацијата на Светската Банка задолжен за Европа и Централна Азија, Сирил Милер и со потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) задолжена за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите, Џорџина Бејкер, со кои разговараше за тековните и идни проекти во Македонија со поддршка на овие две организации. /МИА

Филипче : Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. 

Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.

„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ - истакна Филипче.

Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.

„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ - рече Филипче.

Со почит,

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас ја критикуваше Дора Бакојани, известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, посочувајќи дека нејзиниот извештај за Косово не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја.

„Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и хелинизмот“, рече Самарас.

Тој додаде дека Грција попрво треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот по опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“.

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда

Дали Спасовски спие мирно со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле на 27 април.

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава.

А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април?

Кој направи влада после овие настани?

Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска?

Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста?

Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?

Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер