Средба Заев - Мицотакис во Солун

Премиерот Зоран Заев вечерва се сретна со грчкиот колега Кирјакос Мицотакси на маргините на економскиот форум во Солун.

Г рција ќе помогне да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, а спроведувањето на Преспанскиот договор ќе оди според предвидената динамика, изјави премиерот Зоран Заев по средбата во Солун со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

– Имплементацијата на Преспанскиот договор треба да оди со позитивната и предвидена динамика и ние работиме на двете страни буквално по ова прашање. Фокусот ни беше на Европскиот совет, одлуката која беше на Европскиот совет. Имав прилика од прва рака да добијам информација како се дискутирало, кои се очекувањата. Премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја за конечно да го добие датумот за почеток на преговори и јас сум среќен поради тоа, изјави вечерва по средбата премиерот Зоран Заев.

Премиерот, како што рече, ми образложи детално кои се неговите активности, планови, како да ги направи чекорите и да ни биде од помош.

– Зборуваме за граничните премини. Зборуваме дека е добро е што се гради преминот Маркова нога. Зборувавме дека меѓународната експертска група треба да продолжи со разговорите и состанокот за да ги најде решенијата прифатливи секако за двете страни. Верувам дека се наоѓа прифатливо решение за оваа работа, треба да ги продолжат разговорите, веќе комуницираат самите комори кои ќе бидат од голема помош. И знам дека ќе изнајдеме прифатливо решение кое навистина ќе биде за бизнисмените, за производителите, за компаниите, и од Република Северна Македонија и од Република Грција, рече Заев. Додаде дека зборувале да дадат насоки за нивните кабинети да продолжат во тој правец.

Средбата Заев – Мицотакис се одржа во рамки на четвртиот Самит во Солун.

Премиерот Заев претходно се сретна и со поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.

– Добрите пријатели на нашата земја остануваат посветени на одржување и продлабочување на пријателските односи меѓу Македонија и Грција. Секоја средба со поранешниот градоначалник на Солун Бутарис носи нешто ново. Ме извести дека идната недела ќе посети неколку градови во нашата земја како дел од програмата за поврзување на градовите од двете земји. Се согласивме дека секоја бизнис-инвестиција е инвестиција во пријателството за подобра заедничка иднина за граѓаните на двете земји", објави Заев на Фејсбук.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер